Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на личните податоци е Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (во натамошниот текст:ФПИОСМ) со седиште на улица „23 Октомври” бр. 11 Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории:
При посета на нашите интернет страни, платформата за секој посетител креира логови со следниве податоци:
Сите записи (логови) ротираат и се пребришуваат на секои 7 дена, освен заради проучување на сигурносен или кориснички проблем.
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, истрага, корективни санкции, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштитата на личните податоци, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и иницијативи за спроведување на супервизија, учество на нашата мрежа за офицери за заштита на лични податоци, пријавување на злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, пријавување на збирки на лични податоци со висок ризик и/или повреда на лични податоци или барање на било која друга административна услуга од ФПИОСМ.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на барањата и/или иницијативите кои пристигнале, во форма која не открива нечиј идентитет.
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во ФПИОСМ, кое го составило записникот и заведено во архивата на ФПИОСМ.
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на ФПИОСМ, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ФПИОСМ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ФПИОСМ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ФПИОСМ согласно годишните листи за чување документарен материјал донесени со одобрение на Државен архив на Република Северна Македонија.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци, Анита Котевска – Ристиќ на следниов e-mail: anita.kotevska@piom.com.mk.
Ако сметате дека начинот на кој ФПИОСМ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, по која ќе се постапува, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.