Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов беше гостин во емисијата „Бизнис21“ на ТВ 21. На прашањето кој е ставот во врска со предлогот на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за одење во пензија на 67 години и зголемувањето на стапката на придонес за пензиско осигурување, Мемов најнапред нагласи дека компарацијата на пензиските системи во различни држави е несоодветна, затоа што условите во кои функционираат системите се различни.
„Во однос на предлогот на Фискалниот совет сметам дека таму членуваат сериозни луѓе и јавноста и институциите, вклучително и владата многу сериозно треба да ги примат тие препораки и совети од него“.
Во однос на зголемувањето на стапката на придонесот директорот на Фондот, Мемов објасни:
„Стапката на придонес е 18,8 проценти од коишто, треба граѓаните да знаат, 12,8 се користат за исплата на тековните пензии, а шест проценти од тој износ, или од вкупната маса на средства што се прибираат како основни приходи по основ на придонеси, односно 33,2 проценти од неа се уплаќаат во друштвата од вториот столб. Практично само 67 проценти од вкупно собраните средства се уплаќаат во првиот столб и се користат за исплата на пензиите. Фондот за пензиско нема надлежности ингеренции да дава мислење, сугестии дали треба нешто, дали не треба. Ние ги имплементираме политиките на владата преточени преку законското решение во Собранието. Секако дека имаме мислење и ставови. На последната средба со претставниците на Монетарниот фонд ние како Фонд излеговме со мислење, во отворена дискусија, што би значело зголемувањето на стапката за придонес за еден, два или три процентни поени. Нашето размислување беше следно. Зголемувањето на стапката на придонес по дефиниција не значи зголемување на придонесите во вкупен износ како апсолутен приход, затоа што секојпат има можност за поинаков начин на реакција од бизнис заедницата. Секогаш постои начин како приватниот бизнис да си го заштити бизнисот. Ако владата реагира со мерки и настапува со даночни стапки кои го загрозуваат основното опстанување на бизнисот, приватниот сектор секогаш ќе реагира за да си го заштити бизнисот“.
Запрашан дали Фондот има проценки кои би биле ефектите од зголемувањето на старосната граница за одење во пензија Мемов рече дека Фондот нема направено такви фискални импликации, во моментот Фондот нема стручни луѓе кои прават такви проценки на среден и долг рок, но се работи на тоа и веќе на обука се испратени вработени.
На прашањето дали за него е прифатливо одење во пензија на 67 години Мемов одговори:
„Фондот на пензиското и инвалидското осигурување секогаш ќе ги следи политиките на владата, бидејќи сме формирани од неа. Ние можеме да дадеме предлози, но конечниот збор секогаш го има владата, преку измени на законот во Собранието“.
Во однос на тоа како е дојдено до оваа ситуација на дефицит, Мемов рече:
„Финансиската состојба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување мора да се нагласи дека не е резултат на нетранспарентно, нестручно и несовесно работење на раководствата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во изминатите триесетина години, откако постоиме како независна држава. Оваа состојба е наследена и планирана состојба врз основа на владините економски и социјални политики што се воделе во текот низ годините. Само како илустрација. Фондот после приватизацијата поседувал акции во минимум десет проценти во сите приватизирани акционерски друштва и тие со текот на годините се продавани со одлука на влада. Тие средства се користеле за разно разни потреби на владата. Сега можете да замислите Фондот да ги поседуваше тие акции и од дивиденда колку средства ќе имаше ако ги имал акциите во Европа, Алкалоид, Охис. Во моментот имаме само одреден број на акции во Комерцијална банка и како дивиденда ги користиме тие средства. Исто така оваа состојба е резултат на други економско-социјални мерки. Да речеме даночно ослободување во технолошките развојни зони. Имавме случаи со донесување на закони, како оној во 2003 година, таканаречениот „Бранков закон“ каде што од вкупниот процент на придонеси со законско решение обврзниците беа ослободени од плаќање за 70 проценти, односно со плаќање на само 30 проценти се сметаше дека се платени 100 проценти придонеси. Исто така зголемувањето на пензиите, придонесува за зголемување на овој дефицит. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување има две основни функционалности што треба да ги извршува во своето работење. Првото е навремена исплата на пензиите секој месец и за таа исплата, гарант е владата на Република Македонија. Втората основна функционалност што ја извршува тоа е обезбедување на остварување на право на пензија. Тоа го работат службите, филијалите. Целиот систем на Фондот за да може граѓаните да ги остварат своите права. Тие две работи се поврзани една со друга. Владата ги гарантира овие средства, апсолутно и сведоци сме дека секој први во месецот, пензијата се исплаќа, а вториот дел е функционирањето на службите на Фондот со граѓаните, каде што ги обезбедуваме тие права. И можам да кажам јавно дека за овие два месеца, бројот на активни предмети за решавање на остварување на право на пензии е намален скоро за една третина.
На прашањето дали има стратегија за стабилизирање на Фондот и во која насока би одело тоа, директорот на Фондот Мемов нагласи:
„Според мене ние треба да ја гледаме големата слика. Таа голема слика е буџетскиот дефицит на државата. Тука се сите системи кои се внатре. Најдобра мерка за стабилизација на пензискиот систем не се само овие изолирани мерки, поединечно зголемување на стапка на придонес, на старосна граница и така натаму. Единствена мерка која што е економски издржлива е зголемување на економскиот раст во државата. Тоа е работа на владата и затоа јас велам владата ја гарантира исплатата на пензијата. Најдобрата мерка е зголемување на економскиот раст, зголемувањето на платите. Тие се општи, но тие се економски показатели коишто ќе влијаат на стабилизација на вкупниот економски систем во државата, вклучително и пензискиот систем. Е сега ако гледаме само локално само на Фондот, тука има повеќе мерки, односно повеќе начини како Фондот да се стабилизира. Фискалниот совет ги дава клучните поенти, затоа што основни извори на финансирање на фондот се по основ на придонесите, стапката на придонесите од бруто платата. Ако да речеме не биде надлежност на Фондот за пензиско плаќањето на здравствено осигурување на пензионерите, тоа ќе биде товар на здравствениот систем, но пензионерите тоа право затоа што ги имаат платено своите придонеси во текот на работниот век го оствариле. Во буџетските трансфери што ги прави владата спрема ПИОМ, тука влегуваат и исплати, односно трансфери во вториот столб и исплата на трансфери спрема Фондот за здравствено осигурување во висина од 13 проценти од нето пензија. На годишно ниво во проекциите на буџетот, еве и за 2025 година Фондот има планирано исплата на трансфери спрема Фондот за здравствено осигурување во вредност од 200 милини евра годишно и трансфери спрема вториот столб од 250 милиони евра. Значи во вкупните буџетски трансфери влегуваат и овие 450 милиони евра на годишно ниво. Една од мерките, ако зборуваме за стабилизација на буџетскиот дефицит за исплата на пензиите е следната – пензионерите во текот на своето работење, кога биле редовни осигуреници они имале платено придонеси за пензиско и за здравствено осигурување. Практично сите активни корисници на пензии го имаат искористено, односно го имаат правото на бесплатно здравствено осигурување. Сега ние дополнително исплаќаме од Фондот за пензиско 13 проценти на нето пензијата, здравствено осигурување. Значи ако зборуваме за пензискиот фондот, одделно, тоа ќе има значителни ефекти во намалувањето на буџетскиот дефицит, статистички. Стручните служби на фондот работат на краткорочни и среднорочни мерки за намалување на дефицитот, тие се во работна фаза, како размислувања, ќе ги дадеме во Министерството за социјална политика и до владата, меѓутоа, пак ќе кажам, тие мерки влегуваат со многу мал процент во зголемувањето на приходите. Генерално Фондот средствата ги црпи од придонесите и тука треба да се размислува во таа насока. Кога ќе има зголемување на капиталните инвестиции, преку зголемување на економскиот раст тука ќе растат платите и работодавачите ќе можат да ги исплаќаат придонесите. Како конкретна мерка која мислам дека оди во насока на зголемување на бенефитите кај пензионерите, една од мерките би била пензионерите и после остварувањето на правото на пензија да можат да работат со скратено работно време или со полно работно време, при тоа да ја задржат пензијата во целосен износ, а работодавачите, во консултација со стопанските комори, со приватни компании, тие се спремни да ги платат целосно придонесите, но треба да се најде механизам како тие придонеси формално да се книжат во Фондот.
Во однос на вториот столб и дали треба да се укине, директорот на Фондот Мемов рече:
„ Во моментот во трите друштва имаме околу 2 милијарди и 546 милиони евра. Ова значи дека имаме финансиска стабилност на пензискиот систем Имаме две опции во следниот период вториот столб може да се стимулира со олеснувања на начинот на којшто друштвата ги прават инвестициите, сега се многу ригидни и се ограничени да инвестираат. За 18 години пензиските друштва од вториот столб имаат остварено профит од само 766 милиони евра. Вкупните дотации биле една милијарда и 700 милиони. Размислувањата се или да се зголемат можностите вториот столб да инвестира полесно, со тоа што ќе имаме прогресивен профит во делот на нивното работење. Може треба да се размислува за зголемување на стапката на трансфер кон вториот стол за да се зголеми сумата на буџетите со коишто би располагале за да инвестираат или втората крајност е вториот столб во целост да се укине. Тука се дилемите. а владата треба да направи сериозни анализи. Како трендови во некои од европските држави веќе се напушта идејата на вториот столб. Кога се носела оваа реформа во 2003 2004 година целта била да се обезбедат дополнителни финансии од комерцијалното работење и инвестирање на друштвата од вториот столб за да се намалат трансферите од буџетот во Фондот.
На прашањето дали ќе има законско усогласување на пензиите во септември 2025 година, директорот на Фондот, Мемов рече:
„Законското решение е многу јасно и концизно. Во март се зголемуваат пензиите за 2500 денари, а во септември следува усогласување, кое е проектирано во буџетот за 2025 година, во висина од 3 до 4 проценти“.
https://www.youtube.com/live/0yQDK_tbfhM?si=rbW4-JzBx_6Ht3Sm