Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, беше гостин во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма. Тој рече дека препораките на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години и зголемување на стапката на придонесот за пензиско треба да се разгледуваат внимателно и таа тема мора да биде отворена за разговор.
„Тоа јасно го кажа и владата и тие нема да бидат составен дел на Фискалната стратегија за периодот од 2025 година до 2029 година“, рече Мемов и додаде:
„Во овие услови во државата, владата смета дека моментот сè уште не е созреан во оваа насока да се движи и дека треба да се задржи моментумот на задржување на социјалните трансфери, односно дека граѓаните имаат потреба од зголемен социјален трансфер, односно поддршка на социјалниот момент во државата“.
Мемопв се задржа и на изворите на финансирање на Фондот, при што објасни дека основен извор на финансирање на ПИОСМ се изворните приходи, т.е. приходите од наплата на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на бруто плата, односно 18,8 проценти.
„Од тие изворни приходи, од 18,8 проценти, треба да се знае дека само дел од нив се користи за исплата на пензии, а друг дел се исплаќа, односно се трансферира во т.н. втор столб во државата. Или 12,8 проценти се исплаќаат за пензии, а 6 проценти, односно една третина од вкупниот Буџет што се собира како приход од овие извори на финансирање др трансферираат во вториот столб“, нагласи тој.
Директорот на Фондот, Мемов рече дека претходните влади од формирањето на македонската држава, знаеле дека финансирањето не може целосно да се покрие од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување.
„Затоа се прават концепти за изнаоѓање на начини за обезбедување на пасивен извор на приход. Во 90-тите години, кога се донесе Законот за приватизација, тој концепт е применет преку процентуални удели, акции од акционерските друштва. И, замислете, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување имал акции од над 10 проценти од Алкалоид, од Европа, од Цементарница, од Телеком, од Комерцијална банка… Од сите големи компании во Македонија. Концептот бил преку комерцијално, успешно работење на овие компании, преку дивиденда да се покрива таа дупка за исплата на пензии“, објасни тој.
Мемов додаде дека од разноразни социо-економски мерки, изминатите влади овие удели во компаниите, сукцесивно, со одлука на влада, ги продава и се откажува од тие удели и потенцира дека:
„Значи државата, владата. се откажува од тој извор на финансирање. Како концепт, дека мора да се обезбеди дополнителен пасивен приход за полнење на буџетската каса за исплата на пензии, се прави повторно нова реформа во 2003, 2004 година со три столба, каде исто така се применува овој концепт на обезбедување на средства, пасивен извор на финансирање. Значи парите да работат за тебе, односно за нас. Таа улога им ја дава на пензиските друштва во вториот столб, со намера дека тие се подобри инвеститори, подобри стопанственици на капиталот и да ги оплодуваат парите. Значи, буџетите кои се издвојуваат од осигурениците, ќе се оплодуваат“.
Трансферите од владата до Пензискиот фонд за исплата на пензиите се смислени, така се стратешки поставени,а владата пред 20 години знаела дека една третина од буџетот што се прибира ќе се уплаќа и акумулира во вториот столб посочи Мемов во гостувањето во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма