На 8 февруари 2013 година, Управниот одбор ја одржа 127-та седница. На седницата, беа разгледани и усвоени две точки, и тоа:
Програма за работа на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2013 година и Извештај од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и имотот во домовите за живеење на корисниците на пензија со кои управува Фондот, со состојба на ден 31.12.2012 година.
За Програмата за работа на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ за 2013 година, образложение поднесе помошникот на директорот, Соња Бачовска, нагласувајќи дека истата се базира врз Законот за пензискотo и инвалидското осигурување, Статутот и други закони кои се од влијание за спроведувањето на пензиското и инвалидското осигурување.
Потоа, претседателот на пописната комисија, Љубен Вељановски, детално ги образложи содржините на Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на ПИОМ, за што се разви дискусија во која на поставените прашања од членовите на Управниот одбор одговор дадоа членовите на Менаџерскиот тим на Фондот на ПИОМ.