• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 8,4%

Пензионерите со мартовската пензија ќе имаат повисока пензија за 8,4%, согласно законското усогласување на пензиите, дописот бр. 32-403/2 од 22.02.2023 година од Државниот завод за статистика за исплатената бруто плата во Републиката, како и објавата за движење на трошоците за живот во РСМ („Службен весник на РСМ“ бр.5/2023).  

Според новата Методологија од март 2022 година, пензијата се усогласува на 1 март и 1 септември секоја година, според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечната плата на сите вработени во Државата во висина од 50 проценти.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, во соработка со Владата на Република Северна Македонија, ја продолжува континуираната грижа за пензионерите, како една од најранливите категории во општеството во услови на економска криза.