• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 6,8 ПРОЦЕНТИ

Пензионерите со исплатата на септемвриската пензија ќе добијат поголема пензија за 6,8%, согласно законското усогласување на пензиите, дописот од 26.08.2022 година од Државниот завод за статистика за исплатената бруто плата во Републиката и објавата за движење на трошоците за живот во Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 155/2022).  

Според новата методологија од март оваа година, редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 март и 1 септември секоја година, според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечната плата на сите вработени во Државата во висина од 50 проценти.

Новите мерки на Владата на РСМ, се во насока на континуираната грижа за пензионерите, како една од ранливите категории во Општеството во услови на економска криза.