• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување  ја одржа Дванаесеттата  седница на која беше усвоен Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија со состојба на ден 31.12.2024 година со предлог – одлуки.

На седницата директорот на Фондот, Никола Мемов најнапред ги информира членовите на Одборот за преземените активности. Тој рече дека е извршена редовна исплата на пензијата за јануари. Мемов исто така информира дека е добиена согласност од Министерството финансии за ангажирање по договор на пет доктори специјалисти во Комисијата за оцена на работната способност  при Фондот. Тој нагласи  дека со тоа ќе се овозможи побрзо решавање на предметите, а со тоа  и побрзо остварување на правата по тој основ.

Претседателката на Одборот, Јасмина Вукиќевиќ рече дека од извештајот се гледа оти е извршена обемна работа и тој ја отсликува состојбата во Фондот. Таа потенцира дека е добро што  овој пат во подготовката на Извештајот за попис биле земени во предвид препораките на Државниот завод за ревизија.

Управниот одбор ја усвои и Предлог – одлуката за овластување лица за полноважно потпишување и располагање со средствата на жиро – сметките на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.