• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Средба на директорот на Фондот на пензиското осигурување, Никола Мемов со Мисијата на ММФ

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов денеска имаше средба со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе.

Мемов нагласи дека Фондот минатата година ја завршил согласно предвидените параметри, а пензиите се редовно исплаќани. Тој додаде дека се прибрани повеќе средства по сите основи, а буџетскиот дефицит изнесувал 36.7 проценти и е помал, споредено со претходните години.

Претставниците на ММФ се интересираа дали во проекциите на буџетот за оваа година се предвидени доволно пари за исплата на зголемените пензии и предвиденото усогласување или тоа ќе се направи со ребалансот на буџетот во јуни.

Директорот на Фондот, Мемов кажа дека зголемувањето на пензиите од 2500 денари во март, како и усогласувањето во септември кое се очекува да биде помеѓу три и четири проценти,  се предвидени во буџетот на Фондот за 2025 година.

Шефот на Мисијата, Анет Кјобе нагласи дека разговорите во Фондот се исклучително плодни и ќе придонесат во нивните размисли за идните предлози за подобрување на ситуацијата со пензискиот систем.

Во однос на тоа дали треба или не да има промени во пензискиот систем, директорот Мемов рече дека Фондот ги применува политиките на владата, а идеите за подобрување треба да произлезат со дискусија на сите засегнати страни. Мемов нагласи дека ММФ со своето искуство може да придонесе  во подобрувањето и консолидацијата на буџетот со нивни предлози, кои не мора да се однесуваат само на зголемување на старосната граница и на стапката на придонеси.

Членовите на Мисијата исто така рекоа дека во рамките на оваа посета ќе имаат презентација за состојбата во пензискиот систем, со точна проекција на трошоците и со сугестии каде и како  може да се направат заштеди, како и компаративна анализа со земјите од регионот.

Двете страни на крајот изразија задоволството од остварената средба и надеж дека идната соработка ќе биде на обострано задоволство.