Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, денеска учествуваше во работата на Советот за следење на имплементацијата на Проектот за администрирање на социјално осигирување (СИАП), којшто ја одржа втората седница.
На состанокот беа презентирани активностите што досега се преземени во рамките на Проектот кој го финансира Светска банка, а носител е Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Целта на проектот е подобрување на квалитетот на услугите во администрирањето на социјалното осигурување, со воспоставување на единствен Регистар за задолжително социјалнон осигурување (РЗСО), како и унапредување на законската рамка која уредува прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост и работните места со стаж на осигурување со зголемено траење, односно бенефициран стаж.
Беше заклучено дека треба да се разгледа улогата на Советот и да се види дали е неопходно неговото постоење во ваков формат, со цел зголемување на ефикасноста во работата, особено поради тоа што во изминатите пет години од конституирањето на Советот, во 2019 година, ова е негова втора седница. Исто така беше заклучено дека е неопходно да се продолжи со активностите на Проектот и тие да се интензивираат во претстојниот период.