Денес, на 3 мај 2018 година, во Институтот за социјално осигурување на Република Албанија во Тирана, се одржува билатерален состанок меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Институтот за социјално осигурување на Република Албанија.
Според дневниот ред за состанокот, ќе се расправа за воведување на одредени законски измени, како и за моменталната состојба во пензиските фондови на Република Македонија и Република Албанија, што опфаќа размена на информации и искуства во врска со пензиските системи, проблеми поврзани со спроведувањето на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија, но и продолжување на меѓусебната соработка меѓу двете институции.
Билатералниот состанок ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, односно на 4 мај оваа година.