• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ЗА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, ги  известува граѓаните дека паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година. 

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 6-ти февруари 2023 година на веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и  социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија  по истекот на три дена од денот на објавувањето.