• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ШАИП ЗЕНЕЉИ ИЗБРАН ЗА ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ НА ПИОМ

Во изминатиот период, беа одржани повеќе седници, на кои беа разгледани бројни актуелни прашања и донесени повеќе одлуки. На седниците, беа избрани в.д. директорот Шаип Зенељи и заменик директорот во вториот мандат, Марија Којзеклиска
На една од бројните седници, во втората половина од минатата година, се расправаше за Извештајот за работата на Фондот на ПИОМ, а беа донесени и повеќе одлуки, меѓу кои Одлуката за издавање деловен простор под закуп за период подолг од две години, Одлуката за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Фондот во 2015 година, потоа Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на Фондот и др.
За посебно одбележување е дека на Тринаесеттата седница на нашиот УО, одржана на 29 јуни 2015 година, беше усвоен Буџетот на Фондот на ПИОМ за 2016 година, потоа Стратешкиот план на нашиот Фонд за периодот 2016 до 2018 година, како и Правилникот за содржината на прегледот на податоци во матичната евиденција на осигурениците и др.
Во врска со финансиите на Фондот на ПИОМ за работа во 2016 година, нашиот Буџет е изготвен согласно добиениот буџетски циркулар за 2016 година од Министерството за финансии каде се содржани главните насоки за подготвување на предлог–буџетското барање за оваа година и очекуваните макроекономски индикатори за развојот на Република Македонија. При планирањето на приходите и расходите на Фондот земено е нивото на обврските на Фондот во 2015 година и очекуваните нови обврски на Фондот во следната година што произлегуваат од спроведувањето на ПИО, и тоа: согласно законската регулатива, Програмата на Владата на Република Македонија, утврдените цели на Фондот во Стратегискиот план за периодот 2016 до 2018 година, како и насоките на УО на Фондот за  приоритетните цели и задачи што треба да се остварат во нашата работа во 2016 година. Од посебна важност е тоа што, при изготвување на Буџетот на Фондот земени се предвид и препораките од Владата на Република Македонија за економично и рационално трошење на средствата за тековните расходи, со цел остварување на политиката за штедење.
На една од седниците на УО на Фондот на ПИОМ, беше донесена Одлука за продажба на акциите на Фондот на ПИОМ на јавна берзанска аукција и Одлука за измена на Годишниот план за јавни набавки на Фондот во 2015 година. Исто така, членовите на нашиот УО, ги разгледаа и усвоија Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија за првите шест месеци од 2015 год., како и за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија во споменатиот период, но и Информацијата за состојбите со наплатата на заостанатите неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување заклучно до 31.12.2008 година, како и тековните состојби со наплатата на придонесите за првото полугодие од 2015 година и Извештајот за спроведените постапки за јавни набавки во периодот јануари -јуни 2015 година.
На раководното кадровско прашање за избор на заменик директор, му беше посветена Деветнаесеттата седница на УО, одржана на 19 октомври 2015 година. Членовите на нашиот УО, ја прифатија Одлуката за именување Конкурсна комисија за спроведување на постапката за именување заменик директор на Фондот на ПИОМ, како и Одлуката за распишување конкурс за ова раководно место. Во врска со изборот на заменик директор на Фондот на ПИОМ, претседателката на УО, Јасмина Иванова, образложи дека на конкурсот се пријавиле 5 кандидати. Од нив, Конкурсната комисија по извршениот увид во приложената документација, предложи за заменик директор на Фондот на ПИОМ да се именува Марија Којзеклиска, што истото беше едногласно прифатено од членовите на УО.
На Дваесет и втората седница на УО, што се одржа на 11 декември минатата година, членовите на нашиот Управен одбор, едногласно ја донесоа Одлуката за именување вршител на должноста директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да биде избран Шаип Зенељи. На новиот в.д. директор на Фондот на ПИОМ Зенељи, присутните на седницата му посакаа топло добредојде и успех во понатамошната заедничка работа во Фондот. Потоа, збор зема новоименуваниот в.д. директор на Фондот на ПИОМ, Зенељи, кој, најпрво се заблагодари на укажаната доверба токму тој да биде избран на оваа значајна и одговорна функција, искажувајќи надеж за успешна соработка и целосна поддршка од членовите на Менаџерскиот тим на Фондот.
На 28 декември минатата година, се одржа Дваесет и петтата седница на УО, со која претседаваше Јасмина Иванова, претседател на УО, на која се водеше дискусија по следниот дневен ред: донесување на Годишен план за работа на Фондот на ПИОМ за 2016 година, потоа Одлука за донесување Годишен план за јавни набавки на Фондот во 2016 година, а беше разгледан и Актуарскиот извештај за пензискиот систем во Република Македонија со актуарски проекции, но се водеше дискусија и по Информацијата за резултатите од спроведувањето на активностите во делот на регистрација на податоците, како и за Информацијата за дозначените и исплатените средства за Солидарен фонд за починатите корисници на пензија за периодот јануари-ноември 2015 година и за членарината за членување во здруженија на пензионери заклучно со ноември 2015 година. Посебно внимание на седницата на УО и беше посветено на Информацијата за имотно-правните состојби со имотот на Фондот на ПИОМ, Информацијата за реализација на Програмата за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот на ПИОМ и Програмата за набавка на основни средства во 2015 година, но и за достигнатото ниво на развој на информатичката технологија.