ИЗБАЛАНСИРАН ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ
На 27 февруари 2012 година, се одржа 104-та седница на Управниот одбор на Фондот. Под раководство на претседателот Ацо Стојанов, во присуство на Менаџерскиот тим и седум членови на Управниот одбор на Фондот, се одработија петте предложени и две дополнителни точки на дневниот ред.
По исцрпното образложение на помошникот на директорот Соња Бачовска, едногласно беше усвоена Завршната сметка на Фондот на ПИОМ за 2011 година. Финансискиот резултат за минатата година покажува избалансирани приходи и расходи со минимален вишок, кој е веќе вклучен во исплатата на пензиите-подвлече Бачовска.
Точките што следеа, се однесуваа на одлуки за изменување на Одлуката за продажба на акциите и уделите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (трета аукција со намалување на почетнатапродажна цена по акција/удел) и (трета аукција со намалување на почетната продажна цена по акција).
Одлуката за продажба на непродадениете недвижни ствари-дуќани од ТД „Борец”-ПИОМ-Битола по пат на непосредна спогодба, беше едногласно донесена од Управниот одбор, откако претрпе извесни измени како резултат на дискусијата која се разви помеѓу членовите на Управниот одбор и Менаџерскиот тим.