• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Се одржа 119-та седница на управниот одбор

UPRAVEN_ODBOR__19.11.2012_076____228877200УСВОЕН АКТУАРСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ ВО РМ

На 12 ноември годинава, во Фондот на ПИОМ се одржа 119-та Седница на Управниот одбор. Во комплетен состав на Менаџментот на Фондот и Управниот одбор, беа одработени осум точки.

Во врска со Извештајот за пензискиот систем во Република Македонија со актуарски проекции помошникот на директорот Соња Бачовска, истакна дека Актуарската единица изготвува различни сценарија според барањата и потребите на Фондот на ПИОМ, Министерството за труд и социјална политика, Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, со цел изготвување на предвидувања за определувење на системски мерки во движењето на пензискиот систем. Во Извештајот, објасни Бачовска, детално е претставена структурата и функционирањето на македонскиот пензиски систем кој содржи три столба, нивното финансирање, и видовите пензија кои може да се добијат од секој поединечен столб, односно како ќе се извршува исплатата. Во продолжение Бачовска се задржа на финасиските показатели користени при изработката на Извештајот, и на економските претпоставки како: реалниот пораст на бруто-националниот производ, реалниот пораст на платите, стапката на невработеност, инфлацијата и сл.

Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на комисиите за оцена на работната способност го образложи помошникот на директорот Трајко Премчески, кој истакна дека истиот се базира на новиот Закон за ПИО. Имено, има промена во називот кој не е веќе Одделение, туку Комисија и за нејзиното правилно работење, согласно овој Правилник, ќе се грижи раководител. Со Правилникот се утврдува организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата која одлучува за постоење на неспособност за работа и инвалидност за остварување права од инвалидското осигурување.

За Информацијата за усогласување на пензиите и за достигнатото ниво на пензиските примања за периодот јануари–јуни 2012 година, помошникот на директорот Соња Бачовска истакна дека просечната пензија во септември 2012 година изнесува 10.955,00 денари, додека просечната старосна пензија во овој месец изнесува 12.407,00 денари. Најниската минимална пензија изнесува 5.895,00 денари, а највисоката пензија изнесува 35.932,50 денари. 60,4% од пензионерите примаат пензија до износот на просечната пензија, односно до 10.955,00 денари, додека 39,5% од вкупниот број на корисници примаат пензија над 10.955,01 денар.

Во врска со Информацијата за транзиционите трошоци по основ на пренасочување на дел од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од приватните пензиски фондови помошникот на директорот Соња Бачовска објасни дека во реформираниот пензиски систем, Фондот има задача да ги распределува остварените приходи од придонеси помеѓу државниот и приватните пензиски фондови. И во 2012 година продолжи трендот на пораст на членовите во приватните пензиски фондови со што истиот достигна до 316.876 членови, а вкупно пренесените средства во периодот јануари-октомври годинава изнесуваат 3.185,68 милиони денари. Транзиционите трошоци до октомври месец оваа година изнесуваат 3.600 милиони денари, со оценка дека членството ќе се зголеми на 320.000 членови-подвлече Бачовска.
За Информацијата за состојбите со наплатата на заостанатите неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување заклучно до 31.12.2008 година, како и тековните состојби со наплатата на придонесите, повторно зборуваше помошникот на директорот Соња Бачовска, која истакна дека во овој период е костатирана наплата на придонеси од 186 милони денари, а тоа значи помалку за 55 милиони во однос на истиот период минатата година, како резултат на лошата економска состојба и намалената наплата на придонесот кај сите обврзници.
Во кварталот јуни-септември наплатата изнесувала 62 милиони денари, што е повеќе за 5 милиони од претходниот квартал, кога наплатата изнесувала 55 милиони.

Помошникот на директорот Трајко Премчески во врска со Информација за резултатите од спроведувањето на активностите во делот на регистрација на податоците истакна дека покрај интерактивното внесување од страна на референтите во службите за матична евиденција (за период пред 2006 година) во системот за автоматска обработка на податоците и такви пријави има 376.110, постои и електронско генерирање и потоа утврдување на пријавите (за периодите по 2006 година) и овој број на пријави опфаќа 446.829 пријави. Заклучно со 31 октомври, внесени се 822.939 пријави во податоци за стаж на осигурување и плати (пријави М4), од кои со податоци кои се однесуваат на претходната 2011 година се 233.801 пријави.

На седницата, беа усвоени уште и информациите за финансиската состојба на Фондот на ПИОМ за периодот јануари–септември 2012 година и за резултатите од спроведувањето на активностите во делот на регистрација на податоците, а се донесе и Одлуката за задолжителниот обем и содржина на медицинската документација во постапката за остварување на право по основ на инвалидност.