Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија секоја година со Програмата и планот за работа предвидува средства за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот. Така, и оваа година беа планирани вложувања на средствата за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот во Централата, филијалите и деловниците во Републиката, како и во домовите за живеење на корисниците на пензија со кои управува Фондот.
Деловните објекти низа години се реконструираат и адаптираат, согласно потребите за нивно одржување и одобрените средства во Буџетот на Фондот според донесените програми од Управниот одбор на Фондот.
Со Буџетот на Фондот за 2022 година, средствата за реконструкција, адаптација и инвестиционо одржување на деловните објекти на Фондот се одредуваат за следните намени:
– Инвестиционо одржување на деловните објекти на Фондот.
– Инвестиционо одржување на домовите за живеење на корисниците на пензија со кои располага Фондот.
Во текот на 2022 година се преземени активности за подобрување на условите на вработените и корисниците на пензија, сместени во пензионерските домови.
За реконструкција на филијалите на Фондот е изработен проект за реконструкција на деловните простории во филијалите на Фондот во Гостивар, Прилеп, како и во Централата во Скопје.
Со проектот беа предвидени реконструкции и замена на надворешна столарија со нова ПВЦ столарија со ПВЦ ролетни, замена на внатрешната столарија, подпополагачки работи со поставување на подни керамички плочки и поставување на под од ламинат, глетување и молерисување на ѕидови и плафони, нова електроинсталација и осветлување и санација и чистење на кровната конструкција.
Исто така, со проектот е предвидено да се изработи нов систем за греење и ладење со ВРВ сплит систем, со што ќе се замени досегашното греење со течно гориво.
Фондот на ПИОСМ во континуитет се грижи за условите во кои живеат корисниците на пензија сместени во пензионерските домови, така и оваа година се вложуваше во реконструкција и адаптација на неколку домови.
Во пензионерските домови во Чаир, Куманово и Свети Николе извршена е реконструкција на кровната конструкција која беше оштетена од невремето и се извршени редовни молерофарбарски работи, додека во Пензионерскиот дом во Аеродром извршена е замена на дел од осветлувањето во ходниците со поставување на ново осветлување и реконструкција на топловодната инсталација со дополнителна изолација со цел да нема губитоци на топлотната енергија и приклучување на сите станари на системот за греење заради намалување на сметките за потрошена електрична енергија.