• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

РЕИЗБРАНИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФОНДОТ

Денес, на 21 декември 2022 година, се одржа Седумдесет и деветтата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ, на која досегашниот претседател Боро Варошлија и заменик претседател на УО, Љупчо Фармакоски, уште еднаш ја добија довербата на членовите и беа реизбрани за претседател и заменик претседател во наредниот едногодишен мандат.

Во дискусијата, членовите на Управниот одбор, искажаа многу високи мислења за нивната досегашна работа и очекување тие двајцата да продолжат со истиот начин на работа и во иднина.

На седницата, од страна на членовите на УО, едногласно беа прифатени и донесени повеќе документи, како: Информација за резултатите од спроведувањето на активностите во делот на регистрација на податоците, Информација за поднесени и остварени права на старосна пензија во 2022 година, Информација за доспеаното ниво на развојот на ИТ – системот и достигнатото ниво на автоматизација на деловните процеси и сервиси за 2022 година и др.

На седницата, исто така, беше искажано едногласно задоволство дека Управниот одбор во координација со Менаџерскиот тим на Фондот, постигнаа многу значајни успеси во работата и во реализацијата на сите поставени програмски цели, а се однесуваа на унапредувањето на вкупната работа на Фондот на ПИОСМ.

IMG_20221221_111549_resized_20221221_030015209