(ПРОДОЛЖЕНИЕ)
Унапредување на постапката за прибирање на податоците за стажот на осигурување и платите (пријави М4)
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, во рамките на своите надлежности воспоставува и води евиденција на податоците за стажот на осигурување и платите (пријави М4) кои се услов за остварување на правото на пензија и пресметката за износот на пензијата.
Со цел да се обезбеди поголема ефикасност во спроведувањето на оваа законска надлежност, Фондот и Министерството за внатрешни работи, на 23 мај 2018 година, склучија Меморандумот за деловната соработка.
Меморандумот за деловна соработка има за цел преку меѓусебна соработка, Фондот по електронски пат да ги обезбеди податоците за стажот на осигурување и платите на вработените од МВР за периодите пред 2006 година.
Овој Меморандум произлезе од задолжувањето на Владата на Република Македонија дадено на нејзината Триесет и седма седница, одржана на 09.11.2017 година.
Со Меморандумот се дефинира начинот на спроведување на контролата и одговорноста за точноста и потполноста на податоците за стажот на осигурување и платите за вработените во МВР.
Исто така, се дефинира и начинот на преземање на податоците за стажот на осигурување и платите (пријави М4) од страна на Фондот за вработените во МВР.
Во текот на 2018 година, врз основа на склучениот Меморандум, се обработени повеќе од 60.000 М4 пријави, со што се обезбеди уточнување на евиденцијата за вработените од Министерството за внатрешни работи.
Имплементација на реформите во пензиското и инвалидското осигурување
Со имплементацијата на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за изменување и дополување на Законот за задолжително капитало финансирано пензиско осигурување, кои беа објавени во „Сл. весник на РМ“ бр. 245 од 28 декември 2018 година, Стручната служба на Фондот во текот на 2019 година ги презеде сите законски обврски кои беа во врска со членството во вториот пензиски столб. Согласно новите критериуми, осигурениците кои прв пат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 01.01.2019 година и на датумот на пристапување во осигурување да се помлади од 40 години, се задолжителни членови на вториот пензиски столб.
Имено, согласно споменатите законски одредби, беше извршена соодветна регистрација на членови во вториот пензиски столб, а дел од членовите беа вратени во првиот пензиси столб.
Исто така, беше спроведена и соодветна прераспределба на средствата од придонесите во првиот и вториот пензиски столб.
Регистрацијата на членството, како и трансферите на средствата помеѓу Фондот и приватните пензиски друштва (ППФ), се прикажани во следните табели:
За членовите кои се ненавремено распределени во задолжителните пензиски фондови, заклучно до 31.12.2018 година и за кои ненавремено е пренесен уплатениот придонес и надоместокот за ненавремен пренесен придонес кон задолжителните пензиски фондови, прикажана е следната состојба на реализирани трансфери од Фондот на ПИОСМ кон приватните пензиски друштва:
Трансфер од ФПИОСМ кон ППФ – за ненавремено распределени членови и ненавремено пренесен придонес во задолжителните пензиски фондови
Осигуреници |
Вкупен придонес |
Надоместок за ненавремено пренесен уплатен придонес | ВКУПНО | |
Вкупно | 9.572 | 801,971,636 | 279.776.571 | 1.080.701.102 |
Распределени со 0 (нула) износ на придонес | 4.462 | |||
ВКУПНО | 14.034 | 801.971.636 | 279.776.571 | 1.080.701.102 |
Трансферите од приватните пензиски друштва (ППФ) кон Фондот на ПИОСМ за задолжителните членови кои се родени пред 1 јануари 1967 година, земјоделците и членовите – осигуреници со бенефициран стаж, на кои им престанува членството во задолжителен пензиски фонд на 1 јануари 2019 година согласно законските измени, прикажана е следната состојба на реализирани трансфери од приватните пензиски фондови кон Фондот на ПИОСМ:
Трансфер од ППФ кон ФПИОСМ – за задолжителни членови родени пред 1 јануари 1967 година, земјоделци и членови со бенефициран стаж | ||||||
Вкупно | ||||||
Осигуреници членови | Средства | |||||
*денари | ||||||
Задолжителни членови во задолжителни фондови родени пред 1967 | 11.573 | 1.077.685.957 | ||||
Недозволена категорија (членови земјоделци и со бенефициран стаж) | 5.072 | 1.353.799.184 | ||||
Вкупно | 16.645 | 2.431.485.141 |
Во однос на членовите кои имаа право на потпишувањето изјави за прекинување/продолжување на членството од страна на доброволните членови на задолжителните пензиски фондови родени пред 1 јануари 1967 година, кои имаат право на избор за прекинување/продолжување на членството до 30 септември 2019 година, по истекот на рокот, состојбата е следна:
Трансфер од ППФ кон ФПИОСМ – за доброволни членови со право на изјава за прекинување на членство во втор пензиски столб
Вратени членови во ФПИОСМ | Бруто придонес | Принос | Вкупно |
4817 | 873.788.049 | 367.377.657 | 1.241.165.706 |
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на РСМ“ бр. 180/19), членовите на вториот пензиски столб кои имаат стаж на осигурување што се смета со зголемено траење, имаа право да се изјаснат за продолжување на членството во втор столб, до 30 ноември 2019 година. По истекот на законскиот рок, осигурениците кои не дадоа изјави за продолжување на членството во вториот пензиски столб, се вратени во првиот столб и средствата од индивидуалните сметки се трансферирани во Фондот на ПИОСМ.
Состојбата е следна:
Поврат на средства и членови кон Фондот на ПИОСМ од приватните пензиски фондови | ||
Средства (денари) | Членови | |
Вкупно | 859.165.118 | 2.268 |
Со измените и дополнувањето на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, е регулирано Фондот на ПИОСМ да наплатува надоместок за функциите кои ги извршува за потребите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Надоместокот претставува месечен надоместок на товар на пензиските друштва во висина од 0,1% од секој уплатен придонес за претходниот месец во пензиските фондови со кои управуваат друштвата. По тој основ заклучно со 31.12.2019 година, наплатен е износ во висина од 7.927.134,00 ден.
Спроведените реформи во 2019 година влијаеа врз финнсиската состојба на Фондот, што може да се согледа од фактот што годината се завршува со позитивна финансиска состојба од околу 2,7 милијарди денари.