• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ПРИФАТЕНА ЗАВРШНАТА СМЕТКА НА ФОНДОТ ЗА 2022 ГОДИНА

На 27 февруари 2023 година, се одржа 82-та седница на Управниот одбор на ФПИОСМ. 

На седницата, членовите на УО ја усвоија Завршната сметка на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за  2022 година, од која може да се согледа дека Фондот на ПИОСМ, минатата година постигна значајни резултати во пензиското и инвалидско осигурување. Имено, како резултат на остварените повисоки приходи во однос на извршените расходи, минатата година е успешно завршена со позитивен финансиски резултат, со што е обезбедено стабилно финансиско работење во спроведувањето на основната функција на Фондот за редовна и навремена исплата на пензиите.

Управниот одбор изрази задоволство од резултатите на Фондот во навременото извршување на  сите активности согласно законот, добро планирање, менаџирање и реализација на приходите и расходите од страна на Фондот на ПИОСМ.

На седницата на Управниот одбор присуствуваа: Боро Варошлија, претседател, Љупчо Фармакоски, заменик претседател и Божин Петрески и Ленче Коцевска, членови на УО, како и Дритан Беџети, в.д. директор на Фондот, Билјана Давалиева Митровска, директор на Секторот за информатика и Ајредин Амзаи, советник на директорот за финансиски прашања и стопанисување со имотот на Фондот.