Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, денеска имаше средба директорот на Проектот за изработка на Физибилити студијата за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, финансиран од Светската банка, Кирил Миновски и соработниците.
Тие го информираа директорот Мемов за досегашните активности и тековниот статус на реализацијата на Проектот. При тао посебен акцент беше ставен на Функционалната анализа на Фондот и предлозите за негова модернизација.
Директорот на Фондот, Никола Мемов, потенцира дека од особена важност е имплементацијата на решенијата што ќе произлезат од Проектот за што новото раководство на Фондот ќе се ангажира максимално и ќе даде свој целосен придонес. Тој додаде дека приоритет на Фондот се задоволни корисници и осигуреници и не смее да се дозволи вложените пари да не бидат рационално искористени.