Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов и директорката на АУЕ-ФОН, Сезен Цаноска потпишаа Меморандум за соработка со цел взаемна соработка во сферата на едукацијата, обуката и размената на експертски искуства во повеќе стручни и научни области.
„Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи поголема соработка со Универзитетот ФОН и ќе придонесе неговите студенти да се стекнат со практични знаења коишто ќе им бидат од корист. Сметам дека е од особена важност образовните институции во своите програми да бидат во чекор со најновите достигнувања и знаења и студентите да имаат пристап до нив, а практичната настава е од суштинско значење за да можат квалитетно да се вклучат во процесот на работа во институциите или компаниите каде што ќе бидат вработени“, рече директорот на Фондот, Мемов.
Тој додаде дека Фондот ќе ги отвори вратите за студентите од ФОН за да можат да се стекнат со практични знаења од областа на пензиското и инвалидското осигурување.
Директорката на АУЕ-ФОН, Цаноска рече дека тие како приватен Универзитет имаат можност да се посветат на секој студент одделно и да му пружат соодветно обазование, како од научен, така и од практичен аспект.
„За нас од голема важност е, – потенцира Цаноска, – нашите студенти да покажат знаење и умешност онаму каде што ќе работат, бидејќи тоа е најдобар показател за квалитетот што го нудиме како образвона институција. Токму затоа и преземаме чекори, како што е и потпишувањето на овој Меморандум, со кои на нашите студенти ќе им дадеме можност да имаат квалитетна пракса и можност да се запознаат со процесите на работа и во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување“.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и АУЕ-ФОН соработката ќе ја реализираат преку стручна и научна експертиза за потребите на Фондот; ангажирање на експерти од Фондот во наставниот процес на АУЕ – ФОН за клиничка настава и практична обука на студентите, како и експертска помош од страна на АУЕ – ФОН при подготовка на стратешки плански и програмски документи и законски, подзаконски и други акти во интерес на Фондот.