Пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија за 2,9%, по основ на законското усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот. Согласно објавата на Државниот завод за статистика („Службен весник на РСМ“ бр. 7/22) индексот на трошоците на живот во второто полугодие од 2021 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 2,9%.
Зголемувањето на просечната пензијата во номинална вредност изнесува 460 денари, а на минималната пензија за 304 денари.
Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.