Владите во Македонија знаеле дека за финансирање на Фондот на пензиското осигурување мора да има дополнителни приходи освен придонесите, изјави директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов во гостувањето во емисијата „Вин -Вин“ на телевизија Телма
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, беше гостин во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма. Тој рече дека препораките на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години и зголемување на стапката на придонесот за пензиско треба да се разгледуваат внимателно и таа тема мора да биде отворена за разговор.