
Во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31 од 10 февруари 2020 година, објавен е Законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Министерството за одбрана, денес на 11 февруари 2020 година, склучија Меморандум за деловна соработка.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, во рамките на своите надлежности воспоставува и води евиденција на податоците за стажот на осигурување и платите (пријави М4) кои се услов за остварување на правото на пензија и пресметката за износот на пензијата.
По објавените написи во одредени медиуми, во врска со Извештајот за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2018 година, објавен од страна на Државниот завод за ревизија, Фондот го дава следниот демант.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности го спроведува задолжителното пензиско и инвалидско осигурување и обезбедува остварување на правата од ова осигурување согласно законските одредби.
На 13 ноември 2019 година, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа прес - конференција на која присуствуваа Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска, Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, г-дин. Шаип Зенељи и г-ѓа Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
Законската обврска на Фондот на ПИОСМ за дистрибуција на листи за стаж и плата на осигурениците преку официјалната е-маил адреса пријавена во Централниот регистар на Република Северна Македонија (ЦРСМ) е реализирана. За групата обврзници, за кои дистрибуцијата не е успешна, објавен е посебен фајл со идентификатори за таквите обврзници, ЕДБ, е-маил адреса и копија од опис на причината на повратната порака.