
Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Министерството за образование, ги известува, а воедно и ги повикува сите ученици и студенти, корисници на семејна пензија, заклучно со 30 ноември 2020 година до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да достават соодветна потврда, со која ќе го докажат својот статус на ученик, односно студент, врз основа на која се продолжува исплатата на семејната пензија.
Законската обврска на Фондот на ПИОСМ за дистрибуција на листи за стаж и плата на осигурениците преку официјалната е-маил адреса пријавена во Централниот регистар на Република Северна Македонија (ЦРСМ) е реализирана. За групата обврзници, за кои дистрибуцијата не е успешна, објавен е посебен фајл со идентификатори за таквите обврзници, ЕДБ, е-маил адреса и копија од опис на причината на повратната порака.