• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Одржата 107-та седница на управниот одбор на фондот

UPRAVEN_ODBOR__12.04.2012_034____214664302Сто и седмата седница нa Управниот одбор од 12 април годинава, се одржа во присуство на седум членови на УО и полн состав на Менаџeрскиот тим на Фондот на ПИОМ.

На почетокот, за првите две точки, образложение поднесе помошникот на директорот Амет Даути, и по куса дискусија тие едногласно беа усвоени. Тоа се: Одлуката за изменување на Одлуката за отуѓување на објектот за сместување, одмор и рекреација на корисниците на пензија “Перо Стојановски“–Катлановска бања и Информацијата за продажбата на објектот „Спиро Захов” –Банско.

Следните три точки ги образложи помошникот на директорот Соња Бачовска. Информацијата за финансиската состојба на Фондот на ПИОМ во периодот јануари-март 2012 година со оценки до крајот на годината и Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на Фондот на ПИОМ за 2012 година, беа последователни точки, бидејќи како резултат на финансиската состојба на Фондот се јавува потребата од донесување на Одлуката за ребаланс на Буџетот.
Информацијата за извршените продажби на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија стекнат по основа на трансформација на претпријатијата со општествен капитал (со состојба 31-ви март 2012 година), по кусото образложение од Бачовска, беше едногласно усвоена од страна на Управниот одбор.

Како дополна на дневниот ред беше прифатена Иницијативата за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и по образложението поднесено од кординаторот Светлана Цветановска, едногласно беше усвоена од страна на Управниот одбор на Фондот.