ВО ФОКУСОТ НА ПОТРЕБИТЕ
На 13 април о.г., се одржа Осумдесет и четвртата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, под претседателство на претседателот Ацо Стојанов.
Овој пат членовите на УО, расправаа по единствената точка од дневниот ред, а се однесуваше на донесувањето Одлука за продажба на акциите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, издадени од ЕМО-ОХРИД, АД-Охрид.
На 15 април пак, се одржа Осумдесет и петтата седница на УО на Фондот на ПИОМ. Членовите на УО расправаа по Информацијата за извршените продажби на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија стекнат по основа на трансформација на претпријатијата со општествен капитал, во март 2011 година.
На 27 април годинава, се одржа Осумдесет и шестата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ. Ова беше трета седница која заради итноста на прашањата кои беа на дневен ред, така брзо и се одржа.
Членовите на УО, откога ги усвоија трите записници од претходните седници, дискутираа и ги усвоија Извештајот за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2010 година, потоа Програмата за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот на ПИОМ и набавка на основни средства за оваа година, а беше разгледан и Извештајот на внатрешната ревизија за извршените ревизии во 2010 година. Исто така, беше донесена и Одлука за плаќање на заостанати сметки за комунални трошоци за ослободени станови во домовите наменети за живеење на корисниците на пензија, како и Информацијата за финансиските показатели за објектите за одмор и рекреација на вработените во Фондот на ПИОМ во минатата година.
И на 18 мај годинава се одржа Осумдесет и седмата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, со која претседаваше претседателот Ацо Стојанов.
Беа донесени неколку одлуки, и тоа: за изменување на Деловникот на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, за именување членови на Комисијата за издавање на деловен простор под закуп со кој управува нашиот Фонд, за именување членови и заменици членови на Второстепената комисија за решавање на приговори за доделување станови на користење под закуп во домовите за живеење на корисниците на пензија, за престанок со работа по пат на ликвидација на трговското друштво за одмор, рекреација и угостителство „Спиро Захов“ дооел Банско–Струмица и за именување на ликвидатор на ова трговско друштво.