Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, како институција која им служи на граѓаните, за време на пандемијата настаната со вирусот КОВИД– 19 и прогласувањето на вонредната состојба во Република Северна Македонија, непречено ги извршуваше своите услуги и обврски/должности, посебно во делот на редовната исплата на пензиите за корисниците на пензија кои живеат во државата и надвор од неа.
Фондот на ПИОСМ навремено ги обработи податоците за исплата на пензиите за месец март, април и мај 2020 година и ги достави до сите деловни банки, со цел навремено да се изврши исплата на пензиите, согласно заклучоците на Владата на Република Северна Македонија.
Во периодот од март до мај 2020 година, во услови на прогласена вонредна состојба, Фондот на ПИОСМ продолжи со редовна исплата на пензиите за корисниците кои не користат картички, така што исплатата се вршеше во четири групи според висината на пензијата.
Бројот на корисниците на пензии за месец мај 2020 година изнесува 315.800 пензионери.
Согласно Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од седницата одржана на 5 мај 2020 година, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија продолжи со исплата на пензиите за корисниците на пензија кои живеат надвор од територијата на Република Северна Македонија, без доставување на потврда за живот додека трае вонредната состојба.
Надлежните институции за примена на билатералните договори за социјално осигурување меѓусебно ќе се известуваат за времетраењето на вонредната состојба, со тоа што потврдите за живот задолжително ќе се доставуваат од страна на корисниците на пензија во рок од 30 дена од престанокот на вонредната состојба во државата во која живеат по редовен поштенски пат како и досега.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, ја информира јавноста и корисниците на пензија дека исплатата на пензиите ќе се одвива редовно, така што нема потреба од загриженост.