Никола Мемов, директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија беше во работна посета на Филијалата на Фондот во Гостивар.
Притоа, тој беше запознаен со обемот на работа, начинот на решавањето на предметите, како и со тешкотиите со кои се соочуваат вработените.
Раководителот на Филијалата, Екрем Исеини го извести директорот Мемов дека тие немаат нерешени предмети од подрачјето на Гостивар и дека истите се решаваат во утврдениот законски рок. Исеини, исто така рече дека кај предметите што им се распределени од другите филијали има одреден застој и решавањето оди побавно.
Директорот на Фондот, Мемов рече дека поради недостигот на вработени во одредени филијали, каде што има поголем број на нерешени предмети, на Филијалата во Гостивар која е речиси сто проценти пополнета согласно систематизацијата и во наредниот период ќе и бидат распределени дополнителен број на предмети.
Мемов при средбата со вработените во Филијалата во Гостивар, потенцира дека е неопходно да се подобри квалитетот на услугите што ги дава Фондот и граѓаните да бидат задоволни и да знаат дека сите права ќе можат да си остварат. Тој додаде дека за тоа е потребно сите да се придржуваат до утврдените принципи на работа, да се почитуваат сите законски норми и правила и да се работи квалитетно и одговорно.