• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ФОНДОТ ПОСТИГНА ФИНАНСИСКИ ПОЗИТИВЕН ТРЕНД ЗА 2023 ГОДИНА

Денес, 27 февруари 2024 година (вторник), се одржа Деведесет и шестата седница на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

На денешната седница, членовите на УО ја усвоија Завршната сметка на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2023 година.

Согласно презентираниот изготвен материјал од страна на Стручната служба на Фондот, минатата година Фондот на ПИОСМ од остварениот планиран, проектиран и успешно реализиран буџет постигна позитивен финансиски тренд. Сите показатели се во насока на подобрување и истиот тренд продолжува и во 2024 година.

На седницата, Управниот одбор изрази големо задоволство од постигнатите резултати, успешното планирање, менаџирање и реализација на приходите и расходите од страна на Фондот на ПИОСМ, со што е обезбедено стабилно финансиско работење во спроведувањето на основната функција на Фондот за редовна и навремена исплата на пензиите.

Исто така, УО го усвои и Годишениот план за работа на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2024 година.