Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов денеска се сретна со Харалд Фугер, аташе за социјала, здравство и заштита на потрошувачи во амбасадата на Република Австрија во Скопје.
На почетокот од состанокот директорот Мемов, посочи дека македонско-австриската Конвенција за социјалното осигурување има голема важност и значење за заедничките корисници на пензија во остварувањето на нивните права од пензиското и инвалидско осигурување.
„Во досегашната практична примена на Конвенцијата не постојат проблеми или отворени прашања, а доколку за одредени пензиски предмети има проблеми, истите се надминуваат преку контакт лицата назначени од двете надлежни институции“, рече Мемов.
Директорот Мемов се задржа и на статистичките податоци за остварени права и исплати согласно одредбите на Конвенцијата, односно за вкупниот број на поднесени и примени барања за остварување право на пензија и потврдување на стаж во двете држави, како и на вкупниот број на исплатени пензии на македонски корисници на пензија кои живеат во Австрија заклучно со 31.12.2024 година.
Г-динот Харалд рече дека електронската размена на податоци во областа на пензиското и инвладиското осигурување помеѓу двата фонда, би придонело за уште подобра соработка и предложи склучување на Протокол за електронска размена на податоците.
Директорот Мемов рече дека Фондот веќе има склучено договори за електронска размена на податоците со поранешните југословенски републики.
„Сметам дека е потребно да се потпише Протокол со Фондот на Република Австрија, за што во наредниот период од наша страна ќе биде доставен нацрт -текст на македонски јазик и на германски јазик“, рече директорот Мемов.
Господин Харалд Фугер ја истакна подготвеноста на Австрија за помош во размената на искуствата во делот на координацијата на социјалното осигурување, односно усогласувањето на законодавството со постоечките ЕУ прописи преку обуки и семинари.