Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, денеска се сретна со Кирил Миновски, директор на Проектот за изработка на Физибилити студијата за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, финансиран од Светската банка.
На средбата стана збор за Функционалната анализа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Извештајот за идните деловни процеси, како и Извештајот за потребата од модернизација на техничките капацитети на Фондот.
Директорот на Фондот, Мемов рече дека документите што беа доставени по претходната средба, се детално разгледани од службите во Фондот на повеќе состаноци. Тој при тоа ги информира директорот на проектот, Миновски и неговите соработници, за предлозите кои ги има Фондот, а кои се во насока на зголемување на ефикасноста на работата и функционалноста.
Миновски рече дека забелешките ќе бидат вградени во завршните документи со препораки за нивна имплементација, што ќе придонесе и во подобрувањето на конечниот текст на Функционалната анализа и Извештаите.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, истакна дека сите активности кои ќе придонесат Фондот да биде поефикасен во работата, секогаш ќе бидат внимателно разгледани и добредојдени. Во таа смисла, рече тој, и соработката на овој Проект е солидна можност да се постигне саканата цел на раководството на Фондот – задоволни корисници и осигуреници.