На 17 јануари 2024 година, се одржа Деведесет и четвртата седница на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, прва седница во оваа година.
На седницата, членовите на УО расправаа по четири актуелни точки кои директно се однесуваат на понатамошната работа на Фондот во 2024 година. Во богатата дискусија за Програмата и планот за работа на Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ за 2024 година, беше истакнато дека ќе се продолжи одговорно и со исто темпо во реализацијата на планираните работни задачи во оваа 2024 година, со внесување на нови активности како предизвик за целосно ангажирање на секој вработен во Фондот на ПИОСМ.
Во дискусијата, беше нагласено дека одговорно ќе се работи и на целосната реализација на Годишниот план за јавни набавки на Фондот на ПИОСМ во 2024 година, со максимално штедење и ангажман за подобрување на условите за работа на вработените во филијалите и деловниците на Фондот.
На седницата, членовите на УО на Фондот на ПИОСМ, ја усвоија и Информацијата за дозначените и исплатени средства за Солидарниот фонд за починатите корисници на пензија и членарината во 2023 година, при што беше посебно подвлечено дека исплаќањето на посмртнината се одвиваше редовно и без застој.