• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ДОГОВОР ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Од 1 јуни  2016 година стапи на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија, објавен во „Сл. весник на РМ“ бр. 38 од 29.02.2016 година.
Со примената на Договорот, се регулира остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидско осигурување, здравственото осигурување и здравствена заштита и осигурување во случај на повреда на работа и професионална болест и друго.
Договорот  е заснован на општоприфатените принципи и норми на меѓународното право: еднаков третман, еднаквост  на териториите, гарантирање на остварените права, собирање на периодите на осигурување  навршени според прописите на двете држави  при остварување право на пензија и гарантирање на исплата на пензијата ако корисникот живее на територија на другата држава.
Договорот за социјално осигурување се однесува за сите лица кои во Република Македонија или Република Албанија  навршиле периоди на осигурување за остварување на право на самостојна пензија, кога лицето ги исполнува условите за право на давање-пензија според законодавството на едната договорна страна. Договорот предвидува собирање на периодите на осигурување навршени во двете договорни страни доколку не се исполнети условите за самостојна пензија само според правните прописи на едната договорна страна, под услов периодите да не се поклопуваат. Исто така, согласно одредбите на  Договорот ќе се земаат во предвид и периодите на осигурување навршени  во трета држава,  со која  и двете  договорни страни имаат склучено договори за социјално осигурување, во кои е предвидено собирање на периодот на осигурување навршен во трети држави.