На 14 август 2014 година се одржа Сто шеесет и првата седница на нашиот Управен одбор, на чиј дневен ред, беа следните точки: Предлог-Буџет на Фондот на ПИОМ за 2015 година
, Предлог-Стратешкиот план на нашиот Фонд за периодот од 2015-2017 година, потоа Извештајот од извршениот вонреден попис и утврдување на состојбата на основните средства-имот на Фондот на ПИОМ, како и Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот од извршениот вонреден попис и утврдување на состојбата на основните средства-имот на Фондот. Исто така, на оваа седница, членовите на нашиот УО, ја донесоа Одлуката за формирање Комисија за располагање со движните ствари на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, па Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија за период од јануари до јуни годинава, но и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија за истиот период.
За Буџетот на Фондот на ПИОМ во 2015 година, образложи помошник директорот за финансиски прашања, Ајредин Амзаи, кој рече дека истиот е подготвен согласно добиениот Буџетски циркулар за 2015 година од Министерството за финансии, како и нивото на обврските на Фондот во 2014 година и очекуваните нови обврски во 2015 година, што произлегуваат од спроведувањето на пензиското и инвалидско осигурување, согласно законската регулатива, програмата на Владата на РМ, Стратегискиот план на Фондот на ПИОМ за периодот од 2015 до 2017 година и насоките на УО на Фондот за наредната година. Помошник директорот Ајредин Амзаи, уште истакна дека Буџетот на Фондот на ПИОМ за 2015 година е проектиран со избалансирани приходи и расходи во износ од 57.914,73 милиони денари. При неговото проектирање, во делот на приходите, земени се предвид примената на стапката на придонес за ПИО од 18%, порастот на бруто – платите за 3% и порастот на стапката на вработеност за 2,7%, додека пак, во делот на расходите земени се предвид основните претпоставки во врска со законското усогласување на пензиите за 5% во јуни 2015 год. и приливот на нови корисници на пензија за 1,81%.Во дискусијата по оваа точка од дневниот ред, членот на УО, Живко Митревски, постави прашање дали Фондот во Буџетот за 2015 година има некаква формулација во врска со тоа како измените на Законот за работните односи ќе влијаат во делот на расходите, од причини што се претпоставува дека голем дел од вработените ќе го искористат правото да продолжат да работат, односно ќе го пролонгираат заминувањето во пензија. На тоа, одговори помошник директорот Ајредин Амзаи, кој рече дека Фондот на ПИОМ во планирањето на Буџетот за идната година има своја стратегија по однос на ова прашање и истата е со претходни консултации со Министерството за финансии. На крајот од дискусијата, в.д. директорот на Фондот на ПИОМ, Амет Даути, рече дека зголемувањето на одредени ставки во Буџетот на Фондот на ПИОМ за 2015 година, произлегуваат од реално планираните потреби во работењето на Фондот и се надева дека овој Буџет за 2015 година ќе биде целосно и без забелешки прифатен од Министерството за финансии и Владата на Република Македонија.
Што се однесува до Стратешкиот план на Фондот на ПИОМ за 2015 год., советникот на директорот, Соња Бачовска, образложи дека овој документ е составен дел на Буџетот на Фондот за 2015 година, и истиот ги содржи следните поглавја: Вовед, Развој на процесот на стратегиското планирање, Елементи на Стратегискиот план и области на подобрување и Поврзување на Стратегискиот план со Буџетот.
Во врска со Извештајот од извршениот вонреден попис и утврдување на состојбата на основните средства – имот на Фондот на ПИОМ, помошник директорот Ајредин Амзаи, извести дека согласно донесената Одлука на претходната седница на Управниот одбор на Фондот, формирана е Комисија за вонреден попис и утврдување на состојбата на основните средства – имот на Фондот на ПИОМ, со цел да се утврди фактичката состојба на камп-приколките кои се имот на Фондот во автокампот „Градиште“ во Охрид. Комисијата, по извршениот увид на состојбата на приколките, подготви Извештај во кој се констатира дека камп – приколките на Фондот во автокампот „Градиште“ не се за употреба и истите треба да се расходуваат.
Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија за периодот од јануари до јуни годинава, ја образложи Љубен Вељаноски, раководител на Одделението за стопанисување со имотот на Фондот, кој при тоа, истакна дека Фондот на ПИОМ располага со деловен простор во домовите за живеење и клубовите за дневен престој на корисниците на пензија во вкупна површина од 8.407,13 м2, од кои, 5.231.,49 м2, или 62,23 % се издадени под закуп. Деловниот простор е издаден под закуп претежно на правни лица, а дел, односно 1.155,55 м2, или 20%, е отстапен на здруженијата на пензионери. Во периодот од јануари до јуни 2014 година, кон закупците на деловниот простор, Фондот има фактурирано износ од 5.765.455,00 ден. и бруто наплатено износ од 5.699.017,00 денари. Според податоците на Стручната служба на Фондот, може да се заклучи дека бруто фактурираното за овој период во споредба со истиот период од минатата година е намалено за 1,95% како резултат на помалку издаден деловен простор под закуп за првите шест месеци од оваа година, потоа тековната наплата е намалена за 0,79% во споредба со истиот период од претходната година, наплатата на пренесените побарувања е зголемена за 4,58%, а од вкупно утужените побарувања во висина од 3.976.442,00 ден, во овој период се наплатени само 99.737,00 ден., или 2,51%. Меѓутоа, Одделението за стопанисување со имотот на Фондот, продолжува со преземањето континуирани мерки и активности за подобрување на процентот на наплата на закупнината, рече Љубен Вељаноски.
Што се однесува до Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија за периодот од јануари до јуни 2014 год., раководителот на Одделението за стопанисување со имотот на Фондот, Љубен Вељаноски, објасни дека Фондот на ПИОМ стопанисува со 15 пензионерски домови во Република Македонија, во кои наплатата на закупнината за издадениот станбен простор се врши со задршка од пензијата на корисниците на пензија кои живеат во нив. Проблем со навремената наплата на закупнината постои само во одделни пензионерски домови, во кои, со нивното преземање од страна на Фондот, сѐ уште живеат лица кои или не се пензионери, или се корисници на странска пензија и кои сами си ја плаќаат закупнината, а не со директна задршка од пензијата. Потоа, Љубен Вељаноски, информира дека во врска со состојбите во Домот за живеење на корисниците на пензија во Прилеп, Одделението за стопанисување со имотот на Фондот има доставено информација до Владата на РМ, при што Владата на РМ донесе Заклучок Фондот на ПИОМ со Министерството за труд и социјална политика, да извршат увид во документацијата за станарите вселени во Домот, односно да се констатира кој ги исполнува, а кој не ги исполнува условите за сместување и за истото да се достави информација до Владата на РМ, по што таа ќе донесе заклучоци за понатамошно постапување заради надминување на состојбата со станарите во Пензионерскиот дом во Прилеп.
На 18 септември 2014 година, се одржа Сто шеесет и втората седница на УО на Фондот на ПИОМ. Членовите на УО расправаа по следните точки од дневниот ред на оваа седница: Информација по Нацрт-извештајот на овластениот Државен ревизор за извршената ревизија на успешност–ефикасност и ефективност на системот на финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, како и по двете информации за усогласување на пензиите и достигнатото ниво на пензиските примања во 2014 год. и за состојбите со наплатата на заостанатите неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување заклучно до 31.12.2008 година, како и тековните состојби со наплатата на придонесите за првото полугодие од 2014 год., а беше прифатена и Предлог-измената на Програмата за набавка на основни средства и информатичка опрема во Фондот на ПИОМ во 2014 год. Информацијата по Нацрт-извештајот на Државната ревизија ја образложи Соња Бачовска, советник на директорот на Фондот. Таа, рече дека во Фондот на ПИОМ, во периодот од 3 април до 31 мај 2014 год., овластен тим од Државниот завод за ревизија, извршил ревизија на успешноста, ефикасноста и ефективноста на системот на финансиското управување и контрола и на Внатрешната ревизија во Фондот. На 25 август годинава, од Државниот завод за ревизија во Фондот е доставен Нацрт-извештај за извршената ревизија заради натамошно постапување по наведените констатации и препораки во него. Во Нацрт-извештајот од ДЗР, дадени се 7 препораки, кои се однесуваат на преземање активности од страна на надлежните органи за управување и раководење во Фондот, и тоа, во врска со имплементирање на стратегија и контроли за намалување на ризиците на соодветно прифатливо ниво, потоа за регулирање на законскиот основ за неплатените придонеси од ПИО до 31.12.2008 год., за утврдување листа на чувствителни работни места и вработени, за зајакнување на контролните мерки заради откривање и постапување по утврдени неправилности по основ повеќе исплатени пензии, за доставување потврди за живот на пократки рокови, за извршување повремени работи во Фондот во согласност со постојните закони, како и да се продолжи со барањето за добивање согласност за вработување лица заради кадровско доекипирање на Секторот за финансиски прашања и Одделението за внатрешна ревизија во Фондот на ПИОМ. Во врска со ова, советничката Соња Бачовска, ги информира присутните на седницата, дека Фондот веќе постапил и презел соодветни мерки и активности по наведените констатации и препораки, освен по препораката во врска со доставувањето на потврди за живот, за што ќе достави забелешка по Нацрт-извештајот до Државниот завод за ревизија, дека Стручната служба на Фондот предвидува од 2014 год., да бара корисниците на пензија со место на живеење надвор од Република Македонија потврдите за живот да ги доставуваат два пати во годината (во март и септември). Помошник директор на Секторот за финансиски прашања, Ајредин Амзаи, објасни дека годинава е извршено усогласување на сите видови пензии од 5%, или во номинален износ од 600,00 денари. Оттука, просечната пензија за месец август 2014 год., изнесувала 12.457,00 ден. и истата во однос на декември 2013 год. е зголемена за 5,2%, како резултат на редовното усогласување на пензиите. Вкупниот број на корисници на пензија со состојба на 31 август 2014 год., изнесувал 293.717 корисници, при што, во однос на декември претходната година, има пораст на корисниците на пензија за 0,7 проценти. Може да се констатира, дека во 2014 год., Фондот на ПИОМ, согласно Законот за ПИО, извршил усогласувања во износ од 600 ден. за сите корисници на пензија, со што е подобрен социјалниот статус на корисниците на пензија со најниски износи на пензија, рече помошник директорот Ајредин Амзаи.
И за Информацијата за состојбите со наплатата на заостанатите неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување заклучно до 31.12.2008 год., како и тековните состојби со наплатата на придонесите за првото полугодие од 2014 год., образложение поднесе раководителот на Одделението за контрола на податоците од придонес за ПИО, Занија Асаноски, кој рече дека во првата половина од 2014 год., вкупно се наплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 14.375.701.715,00 ден., од кои, само 420.529.295,00 ден. се придонеси до 31.12.2008 год. за кои е надлежен Фондот да води постапка за наплатата. Иако, овој износ е поголем во однос на наплатениот износ во истиот период од претходната година, сепак, констатирано е дека сѐ помалку се врши наплата на придонесот до 31.12.2008 год., од причини што многу од обврзниците се ликвидирани, или се во постапка на стечај, како и заради фактот што Фондот нема законска можност да врши конфискација на имотот на овие обврзници за наплата на побарувањата, туку таква можност има само Управата за јавни приходи, објасни Занија Асаноски. Тој, исто така, укажа дека на мостната сметка на Фондот има многу неалоцирани и неидентификувани средства, кои се нераспределени. Затоа, Одделението за контрола на податоците од придонес, планира до УО на Фондот, да достави предлог сите неидентификувани уплати кои не можат да се разрешат, да се стават во функција на користење на Фондот, а во иднина, доколку некој од обврзниците достави документи за разрешување на овие уплати, истите да се вратат во базата на Фондот и да се разрешат. Сето ова, смета Занија Асаноски, треба да се реализира во соработка со ИТ-центарот на Фондот. Потоа, раководителот Занија Асаноски, ги образложи и другите реализирани активности на Одделението за контрола на податоците од придонес во периодот од првите шест месеци на 2014 год., како и планираните задачи кои ова Одделение, согласно Програмата за работа, не успеало во целост да ги заврши, пред сѐ, поради недостиг на кадар и обемни вонредни активности.