• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
Постави прашање

    Често поставувани прашања

    Кои се условите за добивање на инвалидска пензија и дали се бара работен стаж? Со право на инвалидска пензија се стекнува инвалид кај кого ќе настане загубување на работната способност, како и осигуреник со преостаната работна способност кој поради навршување на одредени години на живот не може со преквалификација или доквалификација (за маж 50 години, а за жена 45 години) да се оспособи за вршење на друга соодветна работа. Покрај постоење на инвалидност, настаната по болест или повреда вон работа, осигуреникот мора да има и наполнет една третина пензиски стаж до денот на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанување на инвалидноста. Под работен век се подразбира бројот на полните календарски години од денот кога осигуреникот, навршил 20 години живот до денот на настанување на инвалидноста, односно престанокот на осигурувањето. Доколку инвалидноста настанала како последица на повреда на работа или професионална болест, инвалидската пензија се остварува без оглед на должината на пензискиот стаж.

    Повеќе

    Во отпечтениот Правилник за содржината, формата и начинот на доставување на податоците за пресметана плата и придонес за пензиското и инвалидското осигурување, во членот 24 е предвидено дека Фондот ќе овозможи усогласување на податоците на обврзникот, со податоците утврдени во матичната евиденција на Фондот. Фондот треба да му овозможи на обврзникот да го усогласи и провери начинот на доставување на податоците, како и да ги усогласи податоците утврдени во матичната евиденција на Фондот. По доставувањето на овие податоци, обврзникот е должен да го подигне Кодот за идентификација од Фондот. Доделувањето на кодот има две улоги, поднесување на барање за одобрување на Код и потврда за издаден Код. Кодот за идентификација ќе се додели откако ќе се усогласат податоците од матичната евиденција за соодветниот обврзник.

    Повеќе

    Со исполнување на месечната обврска за уплатување на придонесот за секој осигуреник поединечно, Фондот ќе има финансиска евиденција за платите и основиците на осигурување. Овие податоци Фондот ќе ги користи за генерирање на годишни податоци за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата и основиците на плата (годишна М4 пријава). Тоа значи дека, Вие немате обврска да ги доставувате во Фондот овие податоци во хартиен облик. Од кога Вие ќе немате обврска за доставување на хартиена пријава М4, ќе бидете благовремено известени од Фондот. Меѓутоа, не треба да ја заборавите Вашата обврска дека по истекот на 2004 година треба да доставите пријава М4 за таа година и за претходните години, ако тоа не сте го сториле досега.

    Повеќе

    Со која пријава ќе го пријавам распоредувањето на работникот распореден на работно место на кое стажот на осигурување се смета со зголемено траење? Со пријава М3, ќе пријавите работник распореден на работно место на кое стажот на осигурување се смета со зголемено траење. Имено, ова е единствена пријава, која Вие во хартиен облик треба да ја доставите во подрачните единици на пензиското и инвалидското осигурување во местото каде е утврдено својството на осигуреник.

    Повеќе

    Податокот во пријавата М1 “дали сум првпат пријавен во осигурување“, се однесува на пријавувањето кај конкретен обврзник, или воопшто за првото вработување, односно осигурување? Со заокружувањето на одговорот “да”, Вие го декларирате првото стапување во работен однос, односно осигурување, воопшто. Овој податокот има посебно значење за Вториот пензиски столб, бидејќи претставува параметар за утврдување на задолжителното членство во капиталното финансирано пензиско осигурување. Затоа, внимавајте кога го пополнувате овој податок.

    Повеќе