• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Старосна пензија

Осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.

 

Старосната пензија за осигурениците кои не биле опфатени во задолжително пензиско и инвалидско осигурување до 1 септември 2001 година и кои не избрале да се вклучат во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и имаат исполнет пензиски стаж од најмалку 15 години, се утврдува од пензиската основа зависно од должината на пензискиот стаж навршен до 31.12.2012 година и изнесува:

Пензиски стаж Проценти
Години
Маж

Жена
15 години 35 40
15 години и 6 месеци 35,9 41,3
16 години 36,8 42,6
16 години и 6 месеци 37,7 43,9
17 години 38,6 45,2
17 години и 6 месеци 39,5 46,5
18 години 40,4 47,8
18 години и 6 месеци 41,3 49,1
19 години 42,2 50,4
19 години и 6 месеци 43,1 51,7
20 години 44,0 53,0
20 години и 6 месеци 44,9 53,9
21 години 45,8 54,8
21 години и 6 месеци 46,7 55,7
22 години 47,6 56,6
22 години и 6 месеци 48,5 57,5
23 години 49,4 58,4
23 години и 6 месеци 50,3 59,3
24 години 51,2 60,2
24 години и 6 месеци 52,1 61,1
25 години 53,0 62,0
25 години и 6 месеци 53,9 62,9
26 години 54,8 63,8
26 години и 6 месеци 55,7 64,7
27 години 56,6 65,6
27 години и 6 месеци 57,5 66,5
28 години 58,4 67,4
28 години и 6 месеци 59,3 68,3
29 години 60,2 69,2
29 години и 6 месеци 61,1 70,1
30 години 62,0 71,0
30 години и 6 месеци 62,9 71,9
31 години 63,8 72,8
31 години и 6 месеци 64,7 73,7
32 години 65,6 74,6
32 години и 6 месеци 66,5 75,5
33 години 67,4 76,4
33 години и 6 месеци 68,3 77,3
34 години 70,1 79,1
34 години и 6 месеци 70,1 79,1
35 години 71,0 80,0
35 години и 6 месеци 71,0
36 години 72,8
36 години и 6 месеци 73,7
37 години 74,6
37 години и 6 месеци
38 години 76.4
38 години и 6 месеци 77,3
39 години 78,2
39 години и 6 месеци 79,1
40 години 80,0

За секоја натамошна година пензиски стаж исполнет по 1 јанауари 2013 година, пензијата се пресметува во висина од 1,61%, а за пензиски стаж пократок од една година, а најмалку шест месеци изнесува 0,81% од пензиската основа.

За осигурениците  кои биле опфатени во првиот пензиски столб до 1 септември  2001 година и кои не избрале да се вклучат во вториот пензиски столб и кои имаат исполент пензиски стаж помалку од 15 години, старосната пензија се утврдува од пензиската основа во проценти кои за секоја година исполент пензиски стаж до 1 септември 2001 година изнесуваат 2,33% (маж), односно 2,60% (жена), а за пензиски стаж пократок од една година, а најмалку шест месеци изнесува 1,165% (маж), односно 1,30% (жена) од пензиската основа. За секоја натамошна година пензиски стаж исполнет по 1 септември 2001 година до 31 декември 2012 година, пензијата се пресметува во висина од 1,80% (маж), односно 2,05% (жена), а за пензиски стаж пократок од една година, а најмалку шест месеци изнесува 0,90% (маж), односно 1,025% (жена) од пензиската основа.

Од 01 јанауари 2013 година, пензијата се пресметува во висина од 1,61% (маж), односно 1,84% (жена), а за пензиски стаж пократок од една година, а најмалку шест месеци изнесува 0,81% (маж), односно 0,92% (жена)  од пензиската основа.

Од 01.01.2019 до 31.12.2019 година, пензијата се пресметува во висина од 1,54%  за цела година, а за пензиски стаж пократок од една година, а најмалку 6 месеци, пензијата се пресметува со 0,77%.

Од 01.01.2020 год. пензијата се пресметува  во висина од 1,47%  за цела година, а за пензиски стаж пократок од една година а најмалку 6 месеци, пензијата се пресметува со 0,735%.