• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Упатства

Упатство за пополнување и доставување на месечните податоци за пресметани плати и придонеси за осигурениците до Фондот

Со ова Упатство поблиску се обработуваат сите прашања поврзани со пополнувањето и доставувањето на податоците за пресметани плати и придонеси (Образец МППП, во електронска форма, пропишан со Правилникот за содржината, формата и начинот на доставување на податоци за пресметана плата и придонес за пензиско и инвалидско осигурување ,,Службен весник на РМ” број 92/04 ).

Каде е регулирана обврската за доставување на податоците?
Со член 183 став 4, 5 и 6 од Законот за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (“Сл. весник на РМ” бр 85/03) е регулирано:

• Обврзниците се должни придонесот за пензиско и инвалидско осигурување да го, пресметаат и уплатат месечно, поединечно за секој осигуреник врз основа на основиците утврдени според членот 180 на овој закон за соодветниот месец и податоците за пресметана плата и придонеси да ги достават до Фондот најдоцна до 8-ми во тековниот за претходниот месец.

• Месечната пресметка за висината на придонесот ја контролира и потврдува Фондот, пред обврзникот да изврши уплата на придонесот кај носителот на платниот промет.

• Податоците обврзникот е должен да ги достави до Фондот по електронски пат, со задолжително користење на комјутерски софтвер на Фондот, на начин и постапка пропишани со Правилникот за содржината, формата и начинот на доставување на податоци за пресметана плата и придонес за пензиско и инвалидско осигурување, каде е поконкретно регулирано доставувањето на податоците.

Форматот и описот на МППП фајлот е составен дел на наведениот правилник објавен во “Службен весник на РМ” 92/04 .