СООПШТЕНИЕ – Имајќи во предвид, дека работодавачите при пријавувањето и одјавувањето во осигурување, како и при доставувањето податоци за стажот на осигурување,
платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување, треба да ги користат новите обрасци на пријави за матична евиденција, Министерството за труд и социјална политика издаде Упатство за одредување на техничките елементи на обрасците на пријави за матичната евиденција.
Упатството е издадено врз основа на Правилникот за формата, содржината и начинот на поднесување на обрасците на пријави за матичната евиденција („Службен весник на РМ“ бр. 148/2008 год.).
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат правните и физичките лица – обврзници за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување, дека Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, сметано од 4 август 2005 година, доделува Код за идентификација, на секој обврзник за доставување на месечните податоци за плата и пресметан придонес, по поднесено барање.
Напомена:
Образецот од барањето можете да го отпечатите подолу!
На доделувањето на кодот за идентификација, претходи постапка на усогласување на податоците на обврзниците и вработените кај нив, со податоците утврдени во матичната евиденција на Фондот.
Со цел да се изврши проверка и докомплетирање на евиденцијата, Ве известуваме да ги доставите следните податоци:
I. За деловниот субјект
1. Единствен даночен број
2. Број на деловниот субјект (определен од Државниот завод за статистика)
3. Реден број на деловната единица во состав на деловниот субјект
4. Последен регистарски број определен од Фондот
II. За вработените
1. Единствен матичен број на граѓанинот
2. Личен број од работничка книшка
3. Презиме на осигуреникот
4. Име на осигуреникот
5. Датум на вработување (последна М 1 пријава)
Податоците да се достават во електронска форма на дискета. За начинот на доставување на податоци погледнете ги информациите поставени во подлинкот Доставување на податоци
Обврзниците кои имаат седиште во Скопје, податоците да ги достават во:
Подрачната единица на Стручната служба на Фондот во Скопје,
адреса: бул. Кочо Рацин бр. 91
телефон за контакт: (02) 3162- 422 и (02) 3117-810.
За обврзниците од останатите градови во Република Македонија, податоците да се достават во Подрачните единици на Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.