• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Наплата на придонес

На кој начин се врши поврат на повеќе или погрешно уплатен придонес?

За повеќе или погрешно уплатен придонес, обврзникот доставува барање до Подрачната единица на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, пополнето со следната содржина:

Назив на обврзникот,
Адреса на обврзникот,
Единствен даночен број на обврзникот од каде е извршена уплатата,
Контакт телефон на обврзникот,
Фолио број со кој е извршена уплатата,
Датум на уплата на придонесот,
Период за кој се однесува повеќе или погрешно уплатениот придонес,
Износот кој треба да се поврати,
Опис на причината за поврат на уплатат,
Единствен даночен број на обврзникот каде треба да се вратат средствата,
Жиро сметка на обврзникот каде треба да се вратат средствата,
Прилог копија од банков извод на уплати.

Доколку се бара поврат на средства по осигуреник, во тој случат треба да се пополни и Единствениот матичен број на осигуреникот.

Документи