• Осигурувањето се утврдува со пријавување на работен однос односно вршење на дејност со поднесување на пријава -М1.
Престанокот на осигурувањето завршува со поднесување на пријава М-2.
Овие пријави се поднесуваат во Агенцијата за вработување од страна на обврзникот.
• Осигурениците (вработени во дипломатско-конзуларни претставништва и странски претставништва, продолжено осигурување, физички лица што вршат дејност, а немаат даночна основица, физички лица-паушалци, индивидуални земјоделци), поднесуваат барање до подрачната единица на Фондот, според последното осигурување. Со барањето се приложуваат докази со кои се утврдува својството на осигуреник.