Стапката на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување изнесува 18,8%, а висината е утврдена со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“ бр.247/2018)
Стапката на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, од 01.01.2020 година изнесува 18,8%, а висината е утврдена со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“ бр.247/18).
Вкупните приходи на Фондот се остваруваат од изворни приходи од придонесите, трансферни средства од Буџетот на Републиката и Агенцијата за вработување по основ на придонес за пензиско и инвалидско осигурување за невработени лица кои примаат паричен надоместок. Покрај овие средства, Фондот остварува приходи и од акцизи, дивиденда, продажба на акции и удели и други приходи.
Вкупните приходи на Фондот во 2023 година изнесуваат 96.352,72 милиони денари и се остварени од следните извори на финансирање:
Изворните приходи (придонес од плата, придонес за бенефициран стаж, придонес од физички лица кои самостојно вршат дејност и вработените кај нив, придонес од индивидуални земјоделци и Агенцијата за вработување) изнесуваат 63.340,97 милиони денари,
1.492,03 милиони денари од акцизи,
31.378,76 милиони денари од Буџетот на Републиката,
9,72 милиони денари од дивиденда
131,24 милиони денари од други приходи.
Не се остварени приходи од продажба на акции и удели.
Средствата од придонесите кои се пресметуваат од бруто платата на вработените, во 2023 година се остварени во износ од 61.205,73 милиони денари.
Средствата од Буџетот на Републиката се остварени во износ од 31.378,76 милиони денари и истите се однесуваат за подмирување на законските обврски, за транзициони трошоци и за покривање на тековниот дефицит.
Приходите од придонесот од доходот, изнесуваат 601,86 милиони денари.
Приходите од физички лица што вршат самостојна дејност и вработените кај нив се остварени во износ од 1.347,08 милиони денари.
Приходите од индивидуалните земјоделци се остварени во износ од 180,48 милиони денари.
Приходите од акцизите изнесуваат 1.492,03 милиони денари, или 1,55% од вкупните приходи.
Од Агенцијата за вработување за невработените лица кои примаат паричен надоместок, во 2023 година се остварени средства во износ од 5,82 милиони денари.
Од дивиденда и од продажба на акции и удели во 2023 година се остварени средства во износ од 9,72 милиони денари.
Од други приходи во 2023 година, се остварени средства во износ од 131,24 милиони денари.
Вкупните расходи на Фондот во 2023 година изнесуваат 99.466,76 милиони денари.
Расходите на Фондот се однесуваат за: исплата на пензиите, трансфер на средствата за приватните пензиски фондови, надоместоци од инвалидското осигурување, интернатско сместување на деца инвалиди и телесно оштетување, придонес за здравствено осигурување за корисниците на пензија, други трошоци, капитални расходи, за реконструкција на деловните објекти и надоместокот на Стручната служба на Фондот.
Расходите за исплата на пензии во 2023 година изнесуваат 77.965,32 милиони денари, или 78,38% во однос на вкупните расходи, од кои за редовните пензии 77.691,88 милиони денари; за земјоделските пензии 6,44 милиони денари; за воените пензии 267,00 милиони денари.
За придонесот за здравствено осигурување на корисниците на пензија во 2023 година се исплатени средства во износ од 8.664,41 милион денари, или 8,71% во однос на вкупните расходи.
Трансферот на средства за приватните пензиски фондови во 2023 година изнесува 12.172,58 милиони денари.