• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
Постави прашање

    Често поставувани прашања

    Треба лично да се обратите и идентификувате во Подрачната единица на Фондот на ПИОМ, каде ќе добиете извештај за сите уплати.

    Повеќе

    За да се изврши уплата на придонес за ПИО за период пред 01.01.2006 година, потребно е претходно да отидете во Подрачната единица на Фондот на ПИОМ за да Ви изготват налог за плаќање со фолио број.

    Повеќе

    Нето просечната плата во Република Македонија, за март 2008 година, изнесува 15.555, а најниска основица за плаќање на ПИО изнесува 10.111 денари.

    Повеќе

    Просечната месечна нето-плата зе месец октомври 2006 година изнесува 13.718,00 денари, а за месец ноември 13.603,00 денари.

    Повеќе

    Податоците за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата и основици на осигурување можете да ги добиете во Подрачната единица на Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Имено, со лично обраќање во Подрачната единица во Скопје, ќе добиете извод од регистрираните податоци во матичната евиденција на Фондот на ПИОМ, а притоа е потребно да имате документи за лична идентификација (лична карта или пасош). Во однос на прашањето за следење на личните податоци на интернет страницата на Фондот, Ве известуваме дека е во тек изготвување на процедура со која набрзо ќе имате можност да ги следите Вашите податоци на овој начин.

    Повеќе

    Не, Кодот за идентификација се подига еднаш и се инсталира. За секое ново вработување не треба никакви измени за кодот (клучевите).

    Повеќе

    Месечните податоци за пресметана плата и придонес до Фондот на ПИОМ се доставуваат исклучиво во електронска форма. Доколку обврзникот нема технички можности за пренос на податоците во електронска форма, истите може да ги наведе во образецот МППП во хартиен облик, но мора да побара услуга од обезбедувач на ваква услуга за електронски пренос на медиум, за да може да ги достави до Фондот во електронска форма.

    Повеќе

    Код за идентификација се доделува на сите деловни субјекти – обврзници за плаќање на придонес кои имаат вработени. Кодот ќе се издава непрекинато за сите новоформирани деловни субјекти. Тоа значи, дека и по 15.09.2005 година, ќе се доделува Код за идентификација.

    Повеќе

    Точно е дека може да се инсталира на WIN 98 платформа, но тој оперативен систем нема поддршка на македонска кодна (кирилична) табела, па затоа се и прашалниците од кои не можете да го видите текстот. Затоа, минималните побарувања беа и се: WIN 98 SE , интернет експлорер верзија 6.0 и NET платформата – верзија 1.1 и подршка за македонска кодна табела(се задава уште при инсталацијата на оперативниот систем).

    Повеќе

    Откако податоците ќе се внесат во софтверот кој го додели Фондот на ПИОМ и по контролата ќе се овозможи креирање на фајл, енкриптираните податоци се пренесуваат на магнетен медиум (дискета, ЦД или УСБ) и се доставуваат во подрачните единици на Фондот каде е седиштето на обврзникот. Исто така, постои можност податоците да се достават до Фондот преку единствена имејл адреса mppp@piom.com.mk.

    Повеќе