• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ОД ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА

На 13 ноември 2019 година, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа прес – конференција на која присуствуваа Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска, Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, г-дин. Шаип Зенељи и г-ѓа Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионерите  на Македонија.

На оваа прес – конференција, директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, г-дин Шаип Зенењи, извести дека последните  измени во законската регулатива позитивно влијаеле врз стабилизацијата на работата на Фондот за 2019 година.

Тој информира дека има зголемување на процентот на придонес за пензиско и инвалидско осигурување од 18% на 18,4%, од кои 12,4% остануваат во првиот столб, а 6% се префрлаат на приватните пензиски друштва, како и дека приходите на Фондот се зголемени за 10% (во однос на периодот јануари – октомври 2018 и јануари – октомври 2019 година).

Во продолжение, директорот на Фондот на ПИОСМ, истакна дека покрај споменатото зголемување на придонесите од 0,4%, зголемувањето на платите и зголемувањето на бројот на осигурениците, придонеле за зголемување на приходите на Фондот.

Од јануари 2020 година ќе има зголемување на пензиите, што ќе придонесе за  подобрување на животниот стандард на пензионерите и нивните семејства.

Во наредните денови директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија заедно со министерката за труд и социјална политика, ќе ги посети здруженијата на пензионерите, при што првата посета ќе се реализира во Штип на 14.11. 2019 година, потоа во Куманово на 18.11.2019 година, во Битола на 21.11.2019 година, во Кичево на 26.11.2019 година, во Тетово на 02.12.2019 година, во Делчево на 04.12.2019 година и во Скопје на 11.12.2019 година. Посетите ќе продолжат и во другите градови до крајот на 2019 година.