Примената на член 50 од Договорот за социјално осигурување помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска беше тема на разговор на средбата што се одржа во Загреб на ниво на органи за врска на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Хрватскиот завод за пензиско осигурување.
На работниот состанокот поединечно беа разгледани предметите за повторно одредување на пензии по член 50 од Договорот за кои постапката сеуште не е завршена и при тоа беа разменети потребните податоци и документација.
Двете страни се договорија за начинот за надминување на одредени прашања кои се јавуваат во практичната примена на Договорот во поединечни предмети, а со цел забрзување на постапката за остварување на правото на пензија, потврдување на стажот и исплатата на пензијата кога корисникот на пензија живее во другата договорна страна.
Исто така, беа разменети и потребните информации во врска со усогласувањето и подмирувањето на отштетните побарувања, согласно истиот член 50 од Договорот, со цел забрзување на постапката за усогласување на меѓусебните обврски.
Во рамките на посетата беа одржани и Советодавни денови со граѓани, на кои тие можеа непосредно да добијат одговори на нивните прашања за правата од пензиското и инвалидското осигурување при примената на Договорот за социјално осигурување.
Претставниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија и на Хрватскиот завод за пензиско осигурување изразија задоволство со постигнатите резултати од разговорите и Советодавните денови, кои, како што беше потенцирано, се одвиваа во работна и пријателска атмосфера. Двете страни се договорија следните разговори и Советодавните денови да се одржат во второто тромесечје од 2025 година во Скопје.