• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Во врска со исплатата на пензии за корисниците на пензија за месец април 2020 година

Согласно заклучокот од Четириесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 18 април 2020 година Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги обработи податоците за исплата на пензии за месец април и согласно заклучокот на 23.04.2020 година на сите деловни банки им ги достави податоците за пензии.

Исто така Ве информираме дека бројот на корисници на пензии за месец април 2020 година е 315 670.

Владата на Република Северна Македонија им препорачува на деловните банки преку филиалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензиите за клиентите кои не користат картички во четири групи, и тоа

  • Прва група-исплата на пензија во висина до 11 000 денари, во понеделник 27.04.2020 година
  • Втора група-исплата на пензија во висина од 11 001 денари до 14 000 денари , во вторник 28.04.2020 година.
  • Трета група-исплата на пензија во висина од 14 001 денари до 18 000 денари , во среда 29.04.2020 година.
  • Четврта група-исплата на пензија во висина над 18 001 денари, во четврток 30.04.2020 година.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја информира јавноста и корисниците на пензија дека исплатата на пензии ќе се одвива редовно, така што нема потреба од загриженост.