• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Во чекор со промените за поквалитетно работење

UPRAVEN_ODBOR__28.12.2010_006__slika__552710863ОДРЖАНИ ПЕТ СЕДНИЦИ НА НАШИОТ УПРАВЕН ОДБОР

Како резултат на плодната работа на вработените и на менаџментот, на последната 76-та седница на Управниот одбор од 2010 год., која се одржа на 28 декември 2010 год., беа прифатени 15-тина точки на дневниот ред. Од нив девет се информации и тоа: Информација за дозначените и исплатени средства за Солидарен фонд за починатите корисници на пензија во периодот јануари-ноември 2010 год., потоа Информација за транзиционите трошоци по основ на пренасочување на дел од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од приватните пензиски фондови, како и Информација за разликите меѓу предлог-Буџетот на Фондот на ПИОМ за 2011 год. и предлог-Буџетот на Министерството за финансии. Исто така, беа усвоени и Информацијата во врска со продажбата на објектите кои се во состав на ТД Борец–Битола и ТД Спиро Захов–Банско, Струмица, Информацијата за реализација на Програмата за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот во 2010 година, Информација за наплатата на побарувањата на Фондот за штети од неосновани исплати на корисниците на пензија со предлог-мерки за отстранување на причините поради кои доаѓа до одлив на средствата, како и Информација за имотно-правните состојби со имотот на Фондот, Информацијата за преземените активности за генерирање на податоците за стаж и плата за 2009 год. и Информацијата за текот на наплатата на заостанатите ненаплатени придонеси за пензиското и инвалидско осигурување, заклучно со 31.12.2008 год.
За Информацијата за дозначените и исплатените средства за Солидарниот фонд за починатите корисници на пензија во периодот јануари-ноември 2010 год., помошникот на директорот Соња Бачовска, истакна дека на залагање на Менаџерскиот тим, се воведе ново правило за исплата на посмртната помош, со цел запазување на домаќинското работење на Фондот. Имено, доколку корисникот на пензија починал на 20-ти од месецот, наследниците пред да ја добијат посмртната помош, претходно треба да го вратат остатокот од парите. На овој начин се спречува незаконско одлевање на средствата, чие враќање отпосле би било мошне отежнато, истакна Бачовска.
Во образложението поднесено за Информацијата во врска со продажбата на објектите кои се во состав на ТД Борец–Битола и ТД Спиро Захов–Банско, Струмица, помошникот на директорот Хамди Мустафа, прецизираше колку објекти се продадени според Акциониот план за продажба и колку средства се добиени од тоа. Она што и со заклучок се потврди е дека со средствата собрани од продажбата на деловниот простор во состав на ТД Борец-Битола треба да се намират обврските кон доверителите и тоа по приоритет, утврден согласно законските прописи.
Началникот Љубен Велјаноски, во воведното образложение во врска со Информацијата за имотно-правните состојби со имотот на Фондот, информираше за забрзаната актвиност на Одделнието за стопанисување на имотот на Фондот во врска со обезбедувањето имотни листви со регистрирањето во катастарската евиденција на РМ. Имено, многу проблеми во овој поглед би се решиле доколку се испочитува членот 179а од Законот за ПИО, та спорните објекти во целост од здруженијата на пензионерите би преминале во владение на Фондот. Претседателот на Управниот одбор Ацо Стојанов и директорот на Фондот Исни Јакупи повикаа на засилени активности за конечно заведување на целосниот имот на Фондот во Агенцијата за недвижности, со што би се искористила улогата на Фондот во збирот на државни институции.
Помошникот на директорот, Трајко Премчески образложи за Информацијата за преземените активности за генерирање на податоците за стаж и плата во 2009 год., и потенцира дека, општо гледано, овогодишните резултати се поволни, во врска со генерирањето на податоците за стажот на осигурување и платите од евиденцијата на Фондот за месечните податоци за пресметан и уплатен придонес. Досега работата е завршена околу 3/4 истакна Премчески, бидејќи вработените беа максимално вклучени во тестирањето на Пензискиот проект за решавање и исплата. Ќе се продолжи да се работи и понатаму со цел овозможување на целосни и квалитетни податоци за стаж и плата во личното досие на секој осигуреник, за истиот да нема причина за стравување, дека можеби поради доцнењето на евиденцијата не му е платен придонесот.
Помошникот на директорот, Соња Бачовска, истакна во врска со Информацијата за текот на наплатата на заостанатите ненаплатени придонеси за пензиското и инвалидско осигурување, заклучно со 31.12.2008 год., дека акцијата која ја спроведе Менаџерскиот тим во соработка со началниците во ПЕ низ Републиката, беше успешна и ефективна. Од особена важност е тоа што на фирмите им се дава можност за плаќање на рати на заостанатиот придонес, со што се овозможува и понатаму тие да опстојуваат и да го вратат долгот кон Фондот, а со овој просец ќе се продолжи и понатаму. Имено, во акцијата се наплатени околу 720 милиони денари, со што значително се олесни процесот за навремена исплата на пензиите и намалување на позајмицата на Фондот од Буџетот на државата, подвлече Бачовска.

Управниот одбор на Фондот на 76-та седница, покрај петте донесен одлуки, усвои и два извештаи и тоа: Извештај во врска со стажот на осигурување што се смета со зголемено траење и Извештај од внатрешната ревизија.
Во врска со Извештајот за внатрешна ревизија, образложи началничката, Виолета Крстевска, истакнувајќи дека се опфатени три важни сегменти од дејноста на Фондот (ревизија на процесот на остварување на право на инвалидска пензија со задолжителен контролен преглед, ревизија на процесот на постапување по пресметки од ликвидатура за настанати штети во Одделението за правно работење, ревизија на процесот на исплата на солидарен фонд на наследници на починат корисник на пензија во Филијала Скопје). Во дискусијата, на седницата на Управниот одбор се истакна дека работата на ова Одделение е од голема важност, како внатрешен коректив во работата и е значајна во доследното остварување на законските прописи. Исто така, во дискусиите беше истакнато дека, стручните служби соодветно и навремено одговараат на сите забелешки и наоди на ревизијата и многу постапки во тој смисол се во тек.

Во новата 2011 година, работата на Управниот одбор на ФПИОМ, започна со две мошне куси и експедитивни седници, чија содржина се однесува на рaботата на Комисијата за акции и удели. Имено, на 77-та седница што се одржа на 11 јануари 2011 год., УО ја усвои Информацијата за извршените продажби на акциите на Фондот на ПИОМ во декември 2010 год. Во врска со истата, во кусото образложение, помошникот на директорот Соња Бачовска, истакна дека во согласност со Заклучоците на Владата на Република Македонија за продажба на акциите и уделите што ги поседува Фондот на ПИОМ врз основа на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и донесените одлуки за продажба на акции и удели, Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја спроведе првата и втората продажба на акции и удели, за што беше подготвена Информација за извршените продажби на акциите и уделите на Фондот на ПИОМ во ноември 2010 год. и беше доставена до Владата. Динамиката за продажба на акциите и уделите на Фондот до крајот на 2010 год. беше утврдена во согласност со законската определба истиот да може да продава до 70% од вкупниот капитал до крајот на годината и оптималните можности на Македонската берза за подготовка и реализација на јавните берзански аукции. По завршувањето на првата и втората берзанска аукција, во декември 2010 год. се продолжи со реализирање на третата и четвртата одлука за продажба на акциите на Фондот. Тој и во 2011 год. ќе продолжи со продажба на акции и удели од своето портфолио согласно измените на членот 172-а од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Сл.весник на РМ” бр.83/2010), Уредбата за постапката за продажба на акциите и уделите од вкупниот капитал стекнат по основа на трансформација на претпријатијата со општествен капитал (“Сл.весник на РМ” бр.105/2010) и критериумите за продажба на акциите и уделите стекнати врз основа на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, со одредена динамика, нагласи Бачовска.

На следната, 78-ма седница која се одржа на 21 јануари 2011 година беа усвоени две одлуки: Одлука за продажба на акциите и уделите на Фондот на ПИОМ и Одлука за висината на надоместокот на Фондот на ПИОМ за вршење на работите од утврдените надлежности за спроведување на задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

На 3 февруари 2011 год. се одржа 79-та седница на Управниот одбор на која беше усвоена Одлуката за престанок од потребата за користење на недвижен имот објект- хотел “Вила Зора” – Велес.

На 8 февруари 2011 год. се одржа 80-та седница на Управниот одбор. Во воведното образложение, заменикот на директорот Марија Којзеклиска, во врска со Програмата за работа на Управниот одбор за 2011 година, истакна дека истата е така структуирана што се фокусира на приоритети кои се однесуваат на обезбедувањето средства за пензиското и инвалидско осигурување, заради матерјалната и социјална сигурност на осигурениците. Тоа подразбира обезбедување материјални ресурси кои ќе го стабилизираат непреченато одвивање на работата и фукционирањето на дејноста на Фондот.
На истата седница се усвои и Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на ПИОМ и имотот во домовит за живеење на корисниците на пензија со кои управува Фондот, со состојба на ден 31.12.2010 година. За Извештајот воведни образложенија поднесоа помошникот на директорот Соња Бачовска и претседаталот на Централната пописна комисија, Мухаметали Исмани. Покрај генералната оценка дека пописот е реален, објективен и вистинит се разви плодна дискусија на која се расправаше за некои клучни моменти за успешното економско работење на Фондот, и се усвоија заклучоци кои се однесуваат на преземањето конкретни постапки за унапредување на работата на Фондот, со цел да се надминат одредени слабости.