• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

УСПЕШНИ РАЗГОВОРИ НА ФПИОСМ И ХЗПО

Денес, на вториот ден од разговорите на ниво на органи за врска меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Хрватскиот завод за пензиско осигурување, разговорите продолжија по точките од дневниот ред, со примената на Договорот за социјално осигурување помеѓу двете држави, размената на информации за подмирување на отштетните побарувања според списокот изготвен и испратен од Хрватскиот завод за нивни побарувања, размена на информации за корисници на пензија, окончување на нерешени пензиски предмети и дискусии за реформите во пензискиот систем.

По завршувањето на точките од дневниот ред, делегацијата ја прими В.Д.  Директорот на Фондот Арсим Хасани, кој им се заблагодари на членовите на двете делегации за дадениот придонес при организирањето на овие значајни средби кои придонесуваат за меѓусебно запознавање и решавање на многу отворени прашања при остварување на правата на пензиското и инвалидското осигурување за граѓаните на двете држави.

Хрватската делегација, на крајот од состанокот, искажа благодарност за гостопримливоста на Фондот, со покана за присуство на наредните советодавни денови и работен состанок, кои планираат да ги одржат на почетокот на месец март во 2024 година во Загреб.