• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа деветтата седница

Директорот на Фондот, Никола Мемов, најнапред ги информира челновите на Одборот за активностите од тековното работење на Фондот, како и за она што е преземено по претходната седница.

По усвојувањето на Записниците и на Дневниот ред, членовите на Управниот одбор донесоа Одлука за распишување конкурс за именување директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, како и Одлука за именување Конкурсна комисија за спроведување на постапката за именување директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Управниот одбор донесе и Одлука за овластување лица за полноважно потпишување и располагање со средствата на жиро-сметките на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, а беа разгледани и  Информацијата за дозначените и исплатените средства за Солидарен фонд и членарина заклучно со 30.11.2024 година и  Информацијата за поднесени и остварени права на старосна пензија во периодот од 01.01. до 12.2024 година.

Претседателката на Одборот, Јасмина Вукичевиќ оцени дека подготвените материјали се многу стручно и обемно подготвени и ќе придонесат во носењето на квалитетни и издржани одлуки.

Членот на Управниот одбор, Љупчо Фармакоски  рече дека мора да се поздрави ставањето на 13 услуги на Фондот на порталот uslugi.gov.mk, со што се обезбедува полесен пристап на осигурениците и пензионерите до услугите кои ги дава Фондот.

Објавувањето на услугите на порталот го поздрави и Станка Трајкова, член на Одборот

Директорот на Фондот, Мемов дополни дека уште четири услуги се во фаза на тестирање и најверојатно ќе бидат достапни за корисниците по новогодишните празници. Тој исто така рече дека во наредната година ќе се направи и кампања за промоција и приближување на услугите до корисниците, односно нивно информирање кои се услугите, како да ги користат. Со тоа, како што додаде Мемов, граѓаните  ќе можат  да ги остварат своите права од областа на пензиското и инвалидското осигурување многу поедноставно од досега.

Управниот одбор исто така ја разгледа и  други информации од негова надлежност во врска  со работата на Фондот, меѓу кои  и Нацрт – предлогот на краткорочни и среднорочни стратешки мерки за унапредување на работата на Фондот на ПИОСМ.

Членот на Одборот, Станка Трајкова, рече дека е многу добро што раководството на Фондот размислува на овој план и предлага мерки за подобрување на состојбата со приходите на Фондот, како и за подобрување на севкупната работа на институцијата.