Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа Десеттата седница, на која беа разгледани и усвоени: Годишниот план за работа на Фондот во 2025 година, Програмата и планот за работа на Управниот одбор на Фондот во 2025 година, Годишниот план за јавни набавки за 2025 година, како и Одлука за висината на благајничкиот максимум на Фондот. Исто така, беа разгледани и Информацијата за пензионерскиот дом во Прилеп и Информацијата за состојбите со неконзистентните уплати на придонес за пензиското и инвалидско осигурување.
Директорот на Фондот, Никола Мемов, на почетокот од седницата ги информира членовите на Одборот за активностите од тековното работење на Фондот. Тој нагласи дека приливот на средства од придонесите на крајот на годината бил согласно очекувањата, што овозможува непречено извршување на работите во Фондот. Директорот Мемов се осврна и на јавните набавки чија реализација се одвива согласно Планот. Тој ги информираше членовите на Одборот и за активностите околу пописот за 2024 година.
Претседателката на Управниот одбор, Јасмина Вукиќевиќ рече дека работата во минатата година била успешна и очекува и во оваа година тоа да продолжи. Таа оцени дека подготвените документи за работата во 2025 година се согласно законските одредби и ги отсликуваат надлежностите на Фондот и на Управниот одбор.