• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја усвои Завршната сметка на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2024 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа тринаесеттата седница, на која беше усвоена Завршната сметка на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2024 година. Во Завршната сметка е констатирано дека во 2024 година Фондот остварил вкупно приходи во износ од 115.695,98 милиони денари и вкупно расходи во износ од 115.250,66 милиони денари. Салдото на средства е позитивно и изнесува 445,32 милиони денари. Со измените и дополнувањата на Буџетот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, Фондот во целина и навремено  ги извршил сите активности согласно законот, односно редовно и навремено се исплаќани пензиите во првата недела од месецот, како и придонесите за здравствено осигурување за корисниците на пензија и исплата на трошоците за Стручната служба на Фондот.

На седницата директорот на Фондот, Никола Мемов ги информира членовите на Одборот за  активностите што се преземени во периодот од претходната до оваа седница на Одборот. Тој рече дека е склучен Договор за размена на податоци во областа на пензиското и инвалидското осигурување, договор со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Црна Гора, со што ќе се придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од оваа област на корисниците во двете држави. Мемов, исто така, ги информира членовите на Управниот одбор и за состанокот со Мисијата на ММФ.

Управниот одбор ја разгледа и Информацијата за утврдување на стажот на осигурување – „Докуп на стаж“.